Википедија:Уредувачко војување: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 17:
 
Освен „тројното правило“, има и построги ограничувања со цел да се избегне уредувачка војна. Такво правило е т.н. „правило на единечно враќање“, кое ги има истите членови и потточки како тројното, со таа разлика што временскиот интервал може да варира од 24 часа до една седмица. Постои и неофицијалното начело „без враќања“ кое забранува какви било враќања и наложува дискусија за надминување на проблемите.
 
== Водич за администратори ==
Единствено администраторите одлучуваат дали ќе доделат опомена или блок. Овие мерки се преземаат за да го [[ВП:БЛОК#Причина и цел|спречат и одвратат]] злокобното однесување, а не да ги казнуваат корисниците. Ако казнетиот уредник смета дека времетраењето на блокот не соодвествува на прекршокот, може да поднесе жалба во првите 24 часа од изрекувањето на блокот. Администраторите даваат подолги блокирања кога уредникот сторил тешки или повторени прекршоци, а врз нивната одлука влијаат и други фактори како [[ВП:УЧТ|учтивоста]] и однесувањето на корисникот. Кога повеќе уредници ќе го прекршат правилото на тројно враќање, администраторите во обѕир треба да ги земат аргументите и на двете страни бидејќи тоа е предуслов за праведна пресуда. Според [[ВП:СИСОП|начелото за администратори]]: „Доколку сметате дека некој администратор постапил неправедно кон Вас или некој друг уредник, би требало да ги искажете вашите грижи непосредно до одговорниот администратор.“
 
== Поврзано ==