Разлика помеѓу преработките на „Дидактички системи на настава“

с
дополнување
(Средување и обработка, дополнување)
с (дополнување)
[[Податотека:Awesome PBL group.jpg|300px|мини|десно|Група за учење со разрешување на проблеми од [[Сиднеј]]]]
Во проблемската настава се решаваат [[проблем]]и. Тоа е нејзина клучна карактеристика. Задача и е да го развива мислењето и [[творештво]]то. Ефектите на ваквата настава се големи бидејќи кога ученикот ќе се најде пред тешкотија или проблем, со својата мисловна активност наоѓа принцип (начин) за решавање. Часот започнува со поставување на проблемот кој треба да се решава. Се продолжува со поставување [[хипотеза]], барање принцип (начин) за решавање на проблемот (се користат поставените хипотези) и завршува со примена на стекнатите знаења во нови ситуации.
 
== Програмирана настава ==
 
Во програмираната настава ученикот самостојно ја совладува програмата преку оброци, секвенци и теми кои содржат програмирани и логички распоредени содржини. Секој ученик напредува според своите можности, самостојно и со темпо кое него му одговара. Дали ученикот го совладал оброкот се проверува со постојаниот тек на повратни информации. Дури кога ќе се совлада една етапа тој преминува на следната. Програмата во програмираната настава ја сочинуваат логички распоредени содржини од [[Наставна програма|наставната програма]]. Може да ги опфати сите содржини предвидени за еден предмет за една школска година, а може и дел. Темата е дел на програмираната содржина, секвенцата е дел од темата, а пасусот е најмала единица на знаење. Популарно се нарекува оброк или порција.