Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 55 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q132438 (translate me)
Ред 89:
 
== Идеологија ==
Првиот бран носел сатанистичка слика за себе, повеќето од бендовите биле идеолошки поврзани со сатанизмот; со вториот бран, сатанизмот како идеологија го дефинирал блек металот. Бендовите што се поврзувале себеси со блек метал се генерално против христијанството. Артисти кои се противат на христијанството имаат тенденција да промовираат атеизам, антиатеизамантитеизам, паганизам или сатанизам.
 
Во норвешки документарец, Фенриз вели дека „блек металот е индивидуализам пред се“, а артистите имаат тенденција да поддржуваат индивидуализам, иако следбениците на Еронимус имаат тенденција да поддржуваат анти-индивидуализам. Според главната теза на Бенџамин Хедге Олсон, „блек металот се карактеризира со конфликт меѓу радикален индивидуализам и групен идентитет и преку обидот за прифаќање на двете спротивности во исто време“. Повремено артистите пишуваат текстови кои изгледаат нихилистички и мизантропски, иако се дебатира дали тоа го претставува нивниот менталитет. Во некои случаи блек метал артистите поддржуваат и романтичен национализам. Како и да е, голем број блек метал артисти трагаат по одразување на своите околности со својата музика. Документаристот Сем Дан забележал дека во норвешката сцена „како никоја друга метал сцена, културата и местото се дел од музиката и сликата“. ВО еден напис во Chronicles of Chaos се вели дека „главна карактеристика на речиси сиот блек метал е фасцинацијата со минатото“. Со оглед на тоа, Арон Вивер од Wolves in the Throne Room рекол во едно интервју: „Мислам дека блек металот е уметничко движење кое ја критикува моденроста на фундаментално ниво, велејќи дека на модерниот свет му недостига нешто“.