Википедија:Уредувачко војување: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
+
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Постои јасна граница позната како „'''[[ВП:3РР|правило на тројно враќање]]'''“. Единечното враќање подразбира поништување на промените кои ги направил друг уредувач. Правилото „3РР“ вели дека еден уредувач не смее да поништи повеќе од три уредувања на друг корисник во период од 24 часа на една единствена статија. Секој обид за [[Википедија:Искористување на системот|искористување на системот]] преку четврто враќање во период надвор од 24 часа е многу веројатно да биде третиран според ова правило. Постојат одредени исклучоци од правилото на тројно враќање, како на пример враќање на вандалски уредувања или поништување на јасни повреди на начелото за [[ВП:ЖИВИ|биографии на живи личности]]. Тројното правило е оптимален лимит во случај кога уредувачките војни се зачестена појава, но ни одблизу не го дефинира поимот „уредувачко војување“. Уредувачката војна може да трае и без да се крши тоа правило, па оттаму овие две начела не треба да се поистоветуваат.
 
== Што не е уредувачко војување ==
Википедија има намера да ги [[ВП:БХ|охрабри]] корисниците да придонесуваат со полезни уредувања. Некое контроверзно уредување може да биде направено со цел да се увиди дали има спротивни мислења. Друг уредувач најверојатно ќе ја врати промената. Ако двајцата уредувачи отворат дискусија за спорната точка, тогаш настанува циклус познат како „смела промена-поништување-дискусија“, кој е прифатлив за Википедија. Уредувачка војна настанува тогаш кога по првото враќање не следи дискусија туку враќање од другата страна, и така до бескрај. Но, не секое враќање се смета за почеток на уредувачка војна:
* Враќањето вандализам не е уредувачко војување. Уредувањето од своја [[ВП:НГТ|сопствена гледна точка]] или други слични добронамерни уредувања не се сметаат за вандализми. За повеќе информации погледнете [[ВП:ВАН#Типови на вандализам|типови на вандализам]] и [[ВП:ВАН#Што не е вандализам|што не е вандализам]].
*
* Враќање на промени кои се косат со некои од најважните правила на Википедија (на пр. внесување шпекулации или непроверени информации во [[ВП:ЖИВИ|биографии за живи личности]]) исто така не е уредувачко војување.
* Враќање на уредувања направени од [[ВП:БАН|банувани корисници]] не е уредувачко војување.
* Враќање уредувања на сопствената корисничка страница ретко се смета за уредувачко војување. Традиционално, Википедија им нуди широк простор на корисниците да управуваат со нивниот кориснички простор како што им одговара.
 
Кога враќате уредување, најпрво осигурајте се дали сте дале образложение во резимето за таквиот ваш чекор.
 
{{Начела и напатствија}}