Википедија:Без правни закани: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
ново начело
 
 
Ред 39:
 
Ако ваквите конфликти се навремено разрешени, тогаш на казнетиот уредник треба да му се поништи блокот, освен ако нема друга причина повторно да му биде доделен.
 
Запомнете дека правниот тужител може да е личност која е вистински повредена или вознемирена. Ако некој е блокиран поради изрекување правни закани, важно е да се осигура дека сите можни фактички основи за поинаква постапка не се игнорирани или дека траат. Блокираниот корисник треба да се поучи како правилно треба да комуницира на Википедија. На тој корисник треба да му се стави дознаење дека по истекот на блокот тој и понатаму може слободно да уредува на Википедија (важен сегмент од [[ВП:НГТ|начелото за неутралност]]). Запомнете дека целта на ова начело е да спречи правни закани, а не да ги попречи засегнатите страни во подобрување на статиите. И покрај споменатиот правен сегмент треба да претпоставиме [[ВП:ПДН|добронамерност]]. Препоставувањето добронамерност не е чин на самопонижување, туку правилно постапување во вакви ситуации. Ако казнетата страна и понатаму продолжи со постојани жалби и лични напади, може да се соочи со трајно блокирање.
 
{{Начела и напатствија}}