Википедија:Не ја нарушувајте Википедија за да илустрирате поента: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
преведено напатствие
(нема разлика)

Преработка од 10:58, 4 јули 2013

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПОЕНТА
ВП:ННВИП
Најважното од страницава: Кога сакате да илустрирате поента, сторете го тоа само преку дискусија на страницата за разговор
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Кога поединецот станува исфрустриран поради начинот на кој се применува некое начело или напатствие, може да се обиде да го дискредитира истото преку толкување на правилото од сопствена гледна точка. Понекогаш, ова се прави само за да се илустрира поента во спор за содржина на статија. Во друг случај, може да се случи едно начело да се толкува на непопуларен начин, со цел неговото значење да биде искривоколчено. Можноста за такво однесување не е ограничена само на статиите; може да се случи и на огласните табли, при дискусија за бришење на статија, итн. Побарајте помош од администратор само онаму каде сте сигурни дека корисникот го крши ова правило.

Ваквите тактики се многу штетни и може да доведат до блокирање или банирање на корисничката сметка. Ако сметате дека некое начело е проблематично, споделете го вашето мислење на соодветната страница за разговор. Ако едноставно не се согласувате со нечие уредување на конкретна статија, дискутирајте го тоа на страницата за разговор на таа статија. Ако диретната дискусија не вроди со плод и не сѐ уште не можете да го разрешите несогласувањето, погледајте ја страницата за разрешување спорови.

Практиката покажала дека е невозможно Википедија да биде 100% во право, па оттаму нејзините правила никогаш нема да бидат совршени. Ако постои консензус кој строго се коси со вашите лични ставови, пожелно е да го почитувате мислењето на мнозинството отколку да се обидете да го занемарите преку нечесни игри.

Важна напомена: Често користена кратенка до овде е ВП:ПОЕНТА. Треба да се има на ум, ако некој се обидува докаже поента, тоа автоматски не значи дека тој ја нарушува Википедија како би ја илустрирал истата.

Поврзано