Википедија:Вандализам: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 46:
Вандализмите на Википедија можат да се категоризираат на следниов начин:
 
==== Бришење ====
Бришење на целата содржина или делови од статијата, или менување на целокупната содржина на статијата со некоја вандалска верзија пред да биде постигнат консензус за тоа. Некогаш некои важни референци се бришат без да биде наведена валидна причина за тоа. Од друга страна пак, бришење на пообемни делови од статијата '''не се смета''' за вандализам ако објаснувањето дадено во резимето е рационално и уредно дадено. Пример за ова е бришење на уредувања поврзани за биографии на [[Википедија:Биографии на живи личности|живи личности]]. Википедија особено води сметка за обезбедување точни и навремени информации за живи лица, па така ова бришење може да се протолкува како обид за тргање неажуриран материјал или шпекулации. Имајќи ја во обзир можноста за необјаснето бришење на податоци под претпоставка дека тоа е сторено со добра волја, треба да се постават шаблоните {{tl|uw-test1}} или {{tl|uw-delete1}}, соодветно, како опомени од прв степен кои би требало да спречат понатамошни штетни уредувања.
 
==== Повторување на информации ====
Додавање постојни или беззначајни содржини во статијата.
 
==== [[Википедија:Спам|Спам]] ====
Постојано додавање на надворешни врски кон неважни или беззначајни веб страници (т.е. рекламирање на нечии веб страници) и после предупредувањето дека тоа е вандализам.
 
==== [[m:Vandalbot|Вандалботови]] ====
Скрипта на робот чија задача е постојано да вандализира и да спамира на огромен број на статии (стотици или илјадници).
 
==== Глупави вандализми ====
Пишување вулгарности, графити, неповрзани мисли, или секаков вид непотребни информации на страницата; внесување нечитливи и очигледни не-енциклопедиски реченици и итн. Ве молиме имајте предвид дека додавањето на неповрзани реченици е вообичаен начин на кој новите корисници уредуваат на Википедија и ваквите уредувања можеби не се злонамерни.
 
==== Прикриен вандализам ====
Овој тип на вандализам е потешко да се препознае. Овде спаѓаат: пишување дезинформации во статиите, (пр. мала промена во датумот), криење вандализам (пр. правење две лоши уредувања и враќање на само едно), или враќање корисни уредувања со намера да се попречи подобрувањето на статијата.
 
==== Вандализам во корисничкиот именски простор ====
Пишување на навреди, вулгаризми и слично на [[Википедија:Корисничка страница|корисничките страници]] или на страниците за разговор на корисникот (види исто така [[Википедија:Без лични напади]]).
 
==== Вандализам над сликите ====
Подигање шокирачки слики, несоодветно поставување на слики со експлицитна содржина во статиите, или едноставно користење на сликите на начин кој е недозволен. Ве молиме имајте предвид дека [[Википедија:Што не е Википедија|Википедија не е цензурирана за заштита на малолетните лица]] и дека слики со експлицитна содржина може да се веќе поставени или да се постават на соодветните статии со претходно обезбедена дозвола.
 
==== Злоупотреба на шаблони ====
Злонамерно вметнување на {{tl|afd}}, {{tl|Db}}, {{tl|sprotected}}, или други шаблони од тој вид на страници кои не ги исполнуваат тие критериуми. Овде спаѓа и бришење на постојното {{tl|policy}} и слични шаблони без постигнат консензус за таква промена.
 
==== Вандализам изразен преку преместување на страници ====
Промена на насловите на страниците (именувано како преместување на страници) со навредливи или на некој друг начин несоодветни поими. Википедија само на регистрираните корисници активни најмалку четири дена им дозволува да вршат преместување на страниците.
 
==== Вандализам над врските ====
Модифицирање на внатрешни или надворешни врски во страниците на тој начин што тие изгледаат нормално но водат кон страница (или веб-место) кон кој не би требало (пример слики со експлицитна содржина, шокирачки веб-места и слично).
 
==== Занемарување на вандализмите ====
Тргање на {{tl|afd}}, {{tl|copyvio}} или други слични шаблони со цел да се скрие разгледување на статиите-кандидати за бришење. Имајте предвид дека оваа постапка е зачестена кај неискусните уредувачи кои не се запознаени со начелата на Википедија, и таквите уредувачи/сторители не треба да добијат опомена, туку треба соодветно да им биде објаснета грешката.
 
==== Модифицирање на кориснички коментари ====
Уредување на коментарите на другите корисници до таа мера што суштински се менува нивната смисла (пример промена на нечие гласање). Не се смета за вандализам уредувањето на коментарите на другите корисници доколку се работи за [[WP:RPA|бришење на напади врз личноста]] (кои на некој начин се контроверзни самите по себе). Означувањето дека коментарот е непотпишан е исклучок од ова правило. Да забележиме исто така дека корекција на стилот на пишувањето на другите корисници не се препорачува.
 
==== Вандализам на страниците за дискусија ====
Бришење на пораки на другите корисници од нивните лични страници за разговор, бришење на Вики просторот или на страниците за разговор на одредена статија во најголем број од случаите се смета за вандализам. Исклучок од ова правило е бришење на [[Википедија:Агитирање|пораки чија цел е агитирање]]. Друг очигледен исклучок е преместување на пораките до нивното соодветно место (пр. [[Википедија:Барање за заштита на страница|барање за заштита]]). [[Википедија:Без лични напади|Бришење на лични напади]] од други корисници најчесто се смета за легитимно, а препорачливо е да се архивираат долгите дискусии на страниците за разговор. Овие правила не важат за сопствената страница за разговор на корисникот, ниту пак забрануваат бришење или архивирање на дискусиите водени на ваквите страници. Личните страници за разговор на уредниците се нивен дискретен простор.
Blanking the posts of other users from talk pages other than your own, Wikipedia space, and other discussions, aside from removing [[Wikipedia:Canvassing|internal spam]], vandalism, etc., is generally considered vandalism. An obvious exception is moving posts to a proper place (e.g. protection requests to [[WP:RFPP]]). [[Wikipedia:Remove personal attacks|Removing personal attacks]] is often considered legitimate, and it is considered acceptable to archive an overly long talk page by creating an archive page and moving the text from the main talk page there. The above rules do not apply to a user's own talk page, where this policy does not itself prohibit the removal and archival of comments at the user's discretion.
 
==== Непрекинато качување на заштитен материјал ====
Закачување или користење материјал на Википедија кој крши одредени [[авторски права]] и покрај доставената опомена е вандализам. Бидејќи корисниците може да се неинформирани за тоа дали текстот или информацијата се заштитени, или дека Википедија има строги начела за тоа каков материјал може да се користи, таквото уредување се смета за вандализам само ако истиот корисник продолжи да го поставува недозволениот материјал и покрај претходно враченото известување.
 
==== Креирање на малициозни кориснички имиња ====
Креирање на кориснички сметки со кориснички имиња кои содржат навредливи или непријатни поими се смета за вандализам, без разлика дали корисничката сметка се употребува или не. За повеќе информации во врска со политиката на Википедија за тоа што се смета за неприфатливо корисничко име, види [[Википедија:Политика на кориснички имиња]]. Види исто така [[Википедија:Марионетство]].
 
==== Вандализам во резимето на уредувањето ====
Пишување резиме со нападна содржина во обид да се остави трага која не може брзо и ефикасно да се отстрани од записот. Овој вандализам најчесто го вршат корисници со малициозни кориснички имиња.
 
==== Скриен вандализам ====
Било која форма на вандализам која користи вгнезден текст, кој не е видлив при рендерирањето на статијата но е видлив за време на уредувањето.