Дороти Хоџкин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
| alma_mater = [[Колеџ Сомервил, Оксфорд]]
| doctoral_advisor = [[Џ. Д. Бернал]]
| academic_advisors = [[Џудит Хауард]]<br />[[Том Бландел]]<ref>{{cite pmid|4932997}}</ref>
| doctoral_students =
| known_for =
Ред 28:
 
'''Дороти Мери Хоџкин''' (12 мај 1910, Каиро, Египет - 29 јули 1994, Шипстон-он-Стаур, Велика Британија), невестинско презиме Кроуфут, англиска хемичарка, добитничка на [Нобелова награда за хемија|Нобеловата награда за хемија] во 1964 година за работата врз истражувањето на атомската структура на важни хемиски соединенија, посебно на витаминот B12, кој е неопходен за спречување на пернициозна анемија.<ref>{{цитирана книга|author = С.Маринковиќ,П.Михајлов,З.Ќорвезироски.| year = 1996 | title=Нобеловци.|accessdate=|publisher=Детска радост:Скопје }}</ref>
 
== Младост и образование ==
 
Татко ѝ Џон Кроуфут бил познат англиски археолог, а мајка ѝ, љубителка на ботаниката, е негова соработничка за време на работењето во Каиро и Картум. Во текот на Првата светска војна, Хоџкин живее во Вординг (Велика Британија) кај баба си, а по враќањето на мајка во 1918 година, во Линколн. До 1928 година учи во училиштето „Сер Џон Лемон“ крај Беклс, каде што почнува да ја изучува историјата на кристалографијата и хемија - предмети што во тоа време ги изучувале само мажите. По завршувањето на училиштето, неколку години живее во Палестина, каде што татко е директор на Британското училиште за археологија во Ерусалим. По враќањето во Велика Британија продолжува да ја изучува хемијата во Сомервилскиот колеџ при Оксфордскиот универзитет (1928-1932), каде што ја изучува кристалографијата, а специјализира во Хајделберг. Своето образование Хоџкин го продолжува во Лабораторијата на Кевендиш при Кембричкиот универзитет, каде што ги почнува истражувањата врз стеролите со рендгенска кристалографија. Во 1934 година се враќа во Сомервил колеџот и таму минува најголем дел од својата професионална кариера. Докторската дисертација на тема изучувањето на холестеролот со рендгенска кристалографија ја одбранува во 1937 година во Кембриџ. Истата година се омажува за историчарот Томас Хоџкин, братучед на биофизичарот [Ален Хоџкин].
 
== Научна кариера ==
 
За време на Втората светска војна, Хоџкин ја истражува структурата на пеницилинот со рендгенска кристалографија и во 1946 година ја определува неговата молекуларна градба. Од истата година е доцент, а од 1960 година професор на Оксфордскиот универзитет.