Забранет Град: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 63 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q80290 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 38:
[[Податотека:Inside the Forbidden City.jpg|thumb|300px|Царски престол во Дворецот на небесната чистота (乾清宮), местото каде се одвивало секојдневното управување и приеми]]
[[Податотека:zg-soba.jpg|thumb|250px|Одаја на царицата]]
'''Забранетиот град''' или '''забранетиот дворец''' ([[кин.]] 紫禁城, [[пин-јинпинјин]]: Zǐjìn Chéng, [[мак.]] '''Цеџин ченг''' - букв. „Виолетов забранет град“), лоциран точно во центарот на стариот град [[Пекинг]], бил царски дворец за време на династиите [[Минг (династија)|Минг]] и [[Чинг (династија)|Чинг]]. Денес е познат како „музеј-дворец“ ([[Кинески јазик|кинески]]: 故宫博物院, [[пин-јинпинјин]]: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720,000 m², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според [[УНЕСКО]] важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за [[светско културно наследство]] на [[УНЕСКО]] во [[1987]] г. како „Царски дворец на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на [[Тјенанменски плоштад|Тјенанменскиот плоштад]] и во него може да се влезе преку [[Тјенанменска порта|Тјенанменската порта]]. Неговото опкружување се нарекува Царски град.
{{TOCleft}}
Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на [[Тјенанмен|главната порта]] стои на [[Амблем на НР Кина|амблемот на НР Кина]]. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини.
Ред 63:
На дургиот крај од Забранетиот град се наоѓа Царската градина. Таму наоѓаме релативно стари дрва, помеѓу 100 и 300 години.
 
Вон главната порта за на Забранетиот град, [[Меридијанска порта|Меридијанската порта]] гледа на плоштад каде понекогаш биле изведувани смртни казни по царска наредба. Јужно од овој плоштад се наоѓа [[Тјенанменска порта|Тјенанменската порта]]. Денес, Тјенанменската порта пред Забранетиот град е украсена со протрет на [[Мао Зе Тунг]] во средината и две плакети од обете страни. На левата пишува „中华人民共和国万岁“(традиционално: „中華人民共和國萬歲“; пин-јинпинјин: zhōnghuá rénmín gònghéguó wànsuì; „Да живее Народна Република Кина“), додека на десната пишува „世界人民大团结万岁“(традиционално: „世界人民大團結萬歲“; пин-јинпинјин: shìjiè rénmín dà tuánjié wànsuì; „Да живее великото единството на народите во светот“). Ова фразирање има големо симболично значење, бидејќи [[Десет илјади години|фразата која се користи за „да живее“]], како и самиот дворец, традиционално се употребувала исклучиво за [[Цар на Кина|кинеските цареви]], но денес е достапна за обичните луѓе.
 
Главни згради: