Ѕверови: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
с (Bot: Migrating 88 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q25306 (translate me))
сНема опис на уредувањето
Поради недостигот од [[фосил]]ни докази, како и нејаснотиите кои постојат околу постоечките, еволуцијата и систематиката на ѕверовите не е добро објаснета.
 
Во времето на екстинкцијата на [[диносаурус]]ите (односно, пред околу 65 милиони години), цицачите биле малечки животни, налик на денешните [[ријачкировчици]]. Исчезнувањето на диносаурусите довело до заземање на нивните дотогашни [[Еколошка ниша|еколошки ниши]] од страна на цицачите. Тоа, пред сè, биле предатори од групата на [[торбари]], налик на денешните [[опосум]]и. Овие торбарски месојадни животни еволуирале во најразлични форми и големини и доминирале на континентите од [[Јужна хемисфера|јужната хемисфера]] околу 30 милиони години.
 
За разлика од нив, плаценталните цицачи еволуирале на [[Северна хемисфера|северната хемисфера]]. Еден ваков цицач бил ''[[Cimolestes]]'' (кој личел на верверичка) и се хранел со [[инсект]]и. Важна негова одлика била зарамнувањето на забите, што довело до можност за рассекување на храната. По милиони години, овие заби станале приспособени за сечење на месо, со што настанале карназијалните острици. Оваа карактеристика била наследена од две различни групи на цицачи − една која се насочила кон развивање на црти на денешните ѕверови, а друга кон [[креодонт]]ите. Од нив, вторите биле првите доминантни месојади. Фосилите кои укажуваат на присуство на првите ѕверовидни животни датираат од пред 55 до 35 милиони години. Некои од нив се со сабјести заби, но никои од нив не биле вистински ѕверови. Подоцните фосили покажуваат нагла промена - се појавуваат повеќе видови на ѕверови, а се помалку на креодонти.