'''Боровите''' ([[науч.]] ''Pinaceae'') сочинуваат фамилија на растенија во редот [[Боровидни]]. Многу видови од оваа фамилија се важни извори на дрво и [[дрвна пулпакаша]]. Некои видови се одгледуваат како украсни растенија, додека некои образуваат важни [[Фитоценоза|растителни заедници]].
== Опис ==
Со исклучок на листопадниот [[ариш]] (''Larix'') и [[Лажензлатен ариш|лажниотзлатниот ариш]] (''Pseudolarix amabilis''), оваа група обединува зимзелени дрвја, а поретко и грмушки. Најголемите дрвја од оваа фамилија се [[Дуглазија|дуглазијата]] (''Pseudotsuga menziesii'', односно ''Pseudotsuga menziesii'' var ''menziesii'': "Red Creek Fir") со големина од 73,8 m и дијаметар на стеблото од 4,02 m, <ref>[http://www.portrenfrew.com/redfir.htm „Red Creek Fir“] </ref>која расте на островот [[Ванкувер (остров)|Ванкувер]] во [[Британска Колумбија]] и [[Ситканска смрча|ситканската смрча]] (''Picea sitchensis '') со големина од 70 m и дијаметар на стеблото до 3 m (кај Квитс Ривер, [[Олимписки национален парк]], [[Вашингтон (сојузна држава)|Вашингтон]]). Едно од најдолго живеечките дрвја е ''[[Pinus longaeva]]'' (за еден примерок од [[Невада]] се смета дека е стар 5000 години). Сите дрвја од фамилијата содржат [[смола]] и имаат ароматичен мирис. Кората, во зависност од видот, може да биде мазна, лушпеста или крзнеста.
[[Корен|Корењата]] се најчесто задрвенети, а присутни се и фиброзни корења. Дрвенестите корења се заменуваат најдоцна до една година. Некои видови формираат [[ектомикориза]].