Јастреби: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Јастребите се [[биоразновидност|разновидна]] фамилија со висок степен на разноликост по димензии и облик. По големина се движат од мошне малата [[бисерна луња]] и [[мал врапчар|малиот врапчар]] со должина од 23 см и тежина од 85 гр, па до [[црн мршојадец|црниот мршојадец]], кој е долг 120 см и тежи 14 кг. Сè до XIV век од Нов Зеланд живеел денес [[изумрен вид|изумрениот]] [[Хастов орел]], кој ги надминува денешните видови со својата должина од 140 см и тежина од 15 кг.{{sfn|Brathwaite|1992}} Како таква, фамилијата е најразновидна од сите птичји фамилии по тежина. Највеќето се одликуваат со [[полов диморфизам]] во големината: женките се поголеми од мажјаците, што е необично за птиците.{{sfn|Paton|Messina|Griffin|1994}} Оваа разлика е најизразена кај птицоловните видови како [[јастреб]]от (''Accipiter''), со просечна разлика во големината од 25–50%. Кај поголемиот дел од видовите, како оние посветени на ловење [[глодари]], [[влекачи]], [[риби]] и [[инсекти]], диморфизмот е помалку изразен, со разлика од само 5%-25% од големината. Кај [[мршојадци]]те и [[луња|луњите]] практично не постои големинска разлика помеѓу половите.{{sfn|Ferguson-Lees|Christie|2001|p=}}
 
Клуновите им се силни, закривени (напати многу искривени, како кај [[кривоклунакривоклун луњаосојад|кривоклунатакривоклуниот луњаосојад]] (''Chondrohierax uncinatus'') и [[луња-полжаварка|луњата-полжаварка]] (''Rostrhamus sociabilis'')). Некои видови имаат забец на горната вилица. Почетокот на горната вилица (клунот) секогаш е покриен со жолта кожинка. Стапалата кај рази видови се разликуваат според исхраната: оние што се хранат со птици како врапчарите имаат долги и истенчени стапала, додека пак оние што ловат поголеми цицачи се имаат дебели и силни стапала. [[Орел-змијар|Орелот-змијар]] има дебели крлушки како заштита од касање.
 
[[Перје]]то на јастребите е впечатливо, но нема силни бои. Највеќето имат мешавина од сива, драп и кафеава боја.{{sfn|Thiollay|1994}} Долната страна е побледа од горната, за да бидат помалку забележливи за пленот од земја. Во перјето ретко се среќава полов диморфизам, а онаму кајшто го има, мажјаците имаат посилни бои од женките, или пак женките личат на младите. Младите имаат многу поразлично перје. Некои видови го [[мимикрија|имитираат]] перјето на други јастреби и орли — или за да личат на помалку опасни видови за да го залажат пленот, или за да личат на поопасни, и со тоа да одвратат напади од групи на други птици.{{sfn|Negro|2008}} Неколку видови имаат гриви на главата, што им служат за испраќање на сигнали. Оние без гриви тоа го прават со накострежување на перјето на главата. За разлика од нив, највеќето [[мршојадци]] се ќелави на главата, што се смета дека има хигиенска и [[терморегулација|терморегулациска]] намена.{{sfn|Ward|McCafferty|Houston|Ruxton|2008}}
Ред 45:
Јастребите се претежно [[граблива птица|грабливци]] и највеќето видови активно ловат плен. Пленот го фаќаат со силните канџи и го расчеречуваат со остриот крив клун. Обично не се пребирливи, и го напаѓаат секое животно што можат да го убијат. Сепак, разни родови претпочитаат разни води на плен. На пример, [[еја|ејите]] и многу [[глувчар]]ите за задржуваат на мали [[цицачи]] како [[глодари]]. Ваквите видови едрат по воздухот или седат на високо место и вршат надзор, чекајќи да се појави пленот. Кај родот [[јастреб|вистински јастреби]] (''Accipiter''), кој има највеќе видови во фамилијата, пленот се состои од помали [[птици]]. Тие седат во густо зеленило или честак, и ловат од заседа, што бара голема агилност. Најголем дел од јастребите ја дополнуваат исхраната и со нескапана [[мрша]], но не се така посветени и вешти како [[мршојадци]]те.
 
Постојат неколку вида што повремено јадат плодови, а во случај на [[мршојадец-палмар|мршојадецот-палмар]], плодовите се главна храна.<ref name="diet-Thomson1957" /> Останатите воопшто не јадат растителен материјал. Инсектите како храна се застапени кај многу видови: 12 вида јадат исклучиво инсекти, 44 видови ловат инсекти како значаен дел од исхраната, а како повремена храна инсектите се присутни кај многу голем број на видови.{{sfn|Thiollay|1994}} Осојадите јадат пчели и оси, а воедно и медот и саќето.{{sfn|Shiu|Tokita|Morishita|Hiraoka|2006}} [[Луња-полжаварка|Луњата-полжаварка]] и [[кривоклунакривоклун луњаосојад|кривоклунатакривоклуниот луњаосојад]] се посветени на [[полжав]]и. „[[Орел|Орлите]]“ се група од неколку грабливци што не се секогаш меѓусебно сродни, но делат карактеристики како големи телесни димензии и лов на поголем плен, како средно големи цицачи и поголеми птици. Највеќето видови од фамилијата ловат плен што е помал од нив, но понекогаш знаат да однесат животни со иста големина, па дури и поголеми од нив. Кога убиениот плен е претежок за носење, птицата е приморана да го остави откако ќе се најаде, што е добро како залиха, но лошо бидејќи во меѓувреме го препушта на разни конкуренти. Кај некои видови како [[златен орел|златниот]], [[борбен орел|борбениот]] и [[крунест орел|крунестиот орел]] ова е успешна стратегија за лов на [[елен]]и и [[дујкер]]и со тежина над 30 кг (7–8 потешки од нив). [[Морски орли|Морските орли]] (''Haliaeetus''), [[рибојади]]те (''Ichthyophaga'') и [[орел-рибар|орелот-рибар]] претежно се хранат со [[риби]] (90% од исхраната на двата второспоменати рода). Како додаток ловат и други морски животни, што е особено случај со морскиот орел. Речиси сите птици од фамилијата ловат влекачи кога ќе им се укаже прилика, а некои орли и јастребите [[глувчари]] во [[тропски појас|тропските]] краишта ги ловат како претпочитана храна. [[Кукавички јастреби|Кукавичките јастреби]] (''Aviceda'') и шумските видови од родот јастреби (''Accipiter'') ги ловат влекачите од дрва, додека други видови ги бараат само по земја. На ловот на [[змии]] се посветени три рода: орлите-змијари (''Circaetus'') и четкестите змијари (''[[Spilornis]]'' и ''Dryotriorchis'').{{sfn|Thiollay|1994}}<ref>''Raptors of the World'' by Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead & Burton. Houghton Mifflin (2001), ISBN 0-618-12762-3.</ref>
 
== Родови ==