Битка кај Мидвеј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Почетниот воен успех на Јапонците, големите штети во воената база на [[Напад на Перл Харбор|Перл Харбор]], освојување на [[Борнео]], [[Суматра]], [[Филипини|Филипините]], [[Малезија]], [[Сингапур]], [[Индонезија|Холандска источна Индија]], нанесени големи загуби на [[Далечен Исток|далекуисточната]] [[флота]] на [[Обединето Кралство|Британската]] [[морнарица]] им влевал надежи дека лесно и без отпор ќе завладеат со [[Фиџи]], [[Самоа]] и со [[Австралија]]. Оваа нивна намера била сериозно осуетена еден месец порано со [[битката во Коралното море]] каде задружените сили на САД и Австралија извојувале огромна стратешка победа иако воено не ги ослабнале јапонските сили.
 
Пролетта 1942 Американците започнале да ги бомбардираат индустриските цели на островот [[Хоншу]], [[Токио]] и [[Јокохама]] (т.н [[операција Дулитл]]) нанесувајќи сериозни загуби. Јапонците биле убедени дека американските бомбардери полетале од [[Мидвејски Атол|Мидвеј]], важна попатна (поморска и авионска) станица насреде [[Тихи Океан|Тихиот океан]], а во тој момент најблиската евентуална појдовна точка на сојузниците до Јапонскиот архипелаг. Дотогашните почетни воени успеси преовладале јапонците да гледаат со големо потценување кон непријателот иако по битката во Коралното море дефинитивно е ставен крај на нивните успешни офанзиви на Пацификот.
 
Знаејќи дека [[Мидвејски Атол|Мидвеј]], које е важна попатна (поморска и авионска) станица насреде [[Тихи Океан|Тихиот океан]] го штитат слаби воени сили на САД, јапонските поморски сили под команда на [[маршал]]-[[адмирал]] [[Исороку Јамамото]] започнале напад со намера да го освојат островот. Успехот го гледале со своите претпоставки дека американците се деморализирани од претходните загуби (еден потопен носач на авиони, друг тешко оштетен и неупотреблив, бојните бродови се само "парче железо" во хавајското пристаниште, итн.