Илинденски пат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12281551
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
:''За други значења на поимот '''Илинден''' видете на [[Илинден (појаснување)|појаснителната страница]]''
[[Податотека:Ilindenski Pat.jpg|thumb|220px|Насловната на „Илинденски пат“]]
'''Илинденски пат''' бил орган на [[Народноослободителен фронт на Македонија|Народноослободителниот фронт на Македонија]], прво месечно централно списание од времето на [[НОБ]]. Се печател во [[Дебарца]], с. [[Ехлоец]], Кичевско и [[Штип]] од [[март]] до [[август]] [[1944]] година.<ref>Д-р Боро Мокров, „Развојот на македонскиот печат и новинарство (од почетоците до 1945 година)“, Скопје, 1980, 426-428 стр.</ref> Било покренато од ЦК на [[КПМ]] и [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] во Дебарца, кон крајот на [[1943]] година, но излегувањето било спречено од [[Германска офанзива во Македонија|германската офанзива]]. Првиот троброј бил отпечатен во Дебарца, бр. 4 и двобројот 5 и 6 (од кој не е зачуван примерок) во с. Ехловец, Кичевско, а двобројот 7 и 8 (јули и август 1944) во печатницата „[[Илинден (печатница)|Илинден]]“ во [[Штип]]. Првите шест броја биле умножени во мал број примероци на циклостилната техника на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, а потоа, според потребите, биле препечатувани од техниките на обласните комитети на КПМ.
 
Редакцијата ја сочинувале [[Страхил Гигов]], [[Васил Ивановски]] и [[Веселинка Малинска]], а кратко време и [[Кочо Рацин]]. Автори на текстовите биле [[Бане Андреев-Ронката]], [[Љупчо Арсов]], [[Диме Бојановски|Диме Бојановски-Дизе]], [[Васил Ивановски]], [[Перо Ивановски-Тиквар]], [[Венко Марковски]], д-р [[Кирил Миљовски]], [[Мара Нацева]], [[Лилјана Чаловска]], [[Емануил Чучков]] и други.<ref>Д-р Боро Мокров, м-р Томе Груевски, „Преглед на македонскиот печат (1885-1992)“, Скопје, 1993, 125 стр.</ref>
 
== Наводи ==