Фазани: Разлика помеѓу преработките

семејство птици
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Автоматска таксокутија | fossil_range = олигоцен-денес, {{fossilrange|30|0}} | image = Fasansläktet,_Nordisk_fam...
(нема разлика)

Преработка од 15:24, 7 јуни 2013

Фазани

Фазаните (науч. Phasianidae) се фамилија на птици каде спаѓаат фазаните, еребиците, бисерките, кокошките, потполошките и пауните. Поради нејзината големина, фамилијата напати се раздвојува на две потфамилии: фазани (Phasianinae), и еребици (Perdicinae). Некои стручњаци во фамилијата вклучуваат и птици од други фамилии. Така, Американскиот сојуз на орнитолози ги вбројува тетребите (Tetraonidae), бисерките (Numididae) и мисирки (Meleagrididae) како потфамилии на фазаните.

Фазани
Период: олигоцен-денес,
Обичен фазан
(Phasianus colchicus)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Horsfield, 1821
Типски вид
Обичен фазан (Phasianus colchicus)
Linnaeus, 1758
Подгрупи

Систематика и еволуција

Кладот на фазаните е најголем огранок на кокошковидните птици и опфаќа над 150 вида. Во групата спаѓаат фазаните, еребиците, банкивските кокошки, потполошките и пауните. Се смета дека мисирките и тетребите потекнуваат од птици налик на фазаните и еребиците.

Најстарите фосилни наоди на птици од групата на фазаните датираат од доцниот олигоцен, пред околу 30 милиони години.[1]

Опис

Фазаните се земни птици. По големина се движат од 43 гр (кинеска потполошка) до 6 кг (индиски паун). Се одликуваат со полов диморфизам во големината, мажјаците се претежно поголеми од женките. По облик се заоблени, имаат широки и релативно кратки крила и силни нозе. Многу видови на нозете имаат мамуски, што постојат само во оваа група и кај бисерките и мисирките. Клунот е краток и силен, особено кај видовите што се хранат копкајќи во земјата. Мажјаците од поголемите видови имаат шарено перје со живи бои и украси на лицето како подбрадок или кикиришка (грива).

Географска застапеност и живеалиште

Птиците од оваа фамилија живеат во најголемиот дел од Европа и Азија (освен во најсеверните делови), цела Африка (освен најсувите пустини) и источна Австралија. Најголема разновидност се среќава во југоисточна Азија и Африка. Конгоанскиот паун го има само во Конго. Потфамилијата на еребиците е многу пораспространета. Во својот ареал, присутни се во сите можни живеалишта освен субарктичките шуми и тундрата.

Фамилијата е претежно непреселничка, со исклучок на некои потполошки, кои одат на големи преселби. Неколку вида од фамилијата се воведени нашироко во целиот свет, особено фазаните, кои се доведени во Европа, Австралија и Америка. Постоајт популации на пауни и кокошки што живеат подивени во природата, откако избегале од стопаните.

Поведение и екологија

Фазаните и еребиците имаат разновидна исхрана: некои имаат чисто растителна исхрана (семки, листови, плодови, кртоли и корења), а некои се хранат со мали животинки како инсекти, ларви, па дури и гуштерчиња. Највеќето видови се построго поделени на месојадни и тревопасни, со тоа што пилињата кај сите видови јадат инсекти.

Покрај разликите во исхраната, членовите на фамилијата се разликуваат и по начинот на парење. Доста видови не се моногамни, што е необично за птиците во целина. Гнездата ги градат на земја. Само трагопаните се гнездат повисоко, во пенушки и грмушки. По облик, гнездата се движат од растителни купови до мали вдлабнатини во земјата. Обично снесуваат 7-12 јајца, но можат да снесат дури и 18. Просечниот број на снесени јајца е помал кај тропските видови. Јајцата ги квачи само женката, во период од 14–30 дена, зависно од видот.

Наводи

  1. Mayr G., Poschmann, M. and Wuttke, M. (2006). "A nearly complete skeleton of the fossil galliform bird Palaeortyx from the late Oligocene of Germany." Acta Ornithol., 41: 129–135. [1]

Надворешни врски