Разлика помеѓу преработките на „Алберт Гинтер“

Додадени 65 бајти ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
 
==Младост==
Гинтер е роден во [[Еслинген]], [[Швабија]] ([[Кралство Виртемберг|Виртемберг]]). Татко му бил чиновник во родниот град. Ја постувал Штутгартската гимназија. Родителите сакале да стане [[лутеранска црква|лутерански]] свештеник, па затоа се префрлил на Тибигенскиот универзитет. Брат му се откажал од [[теологија]]та и почнал да студира медицина, па така и Гинтер решил да се определи за истата наука, префрлајќи се на Медицинскиот факултет во Тибинген во 1852 г. Неговото прво пишано дело гласи „За куклената фаза на двоусникот“ (''Ueber den Puppenzustand eines Distoma''). Во 1858 г. дипломирал со магистратура, и истата година објавил прирачник за студенти по медицина. Мајка му се преселила во Англија, и при една посета во 1855 г, Гинтер се запознал со природонаучниците [[Џон Едвард Греј]] и [[Ричард Овен]] во [[Британски музеј|Британскиот музеј]]. Истата година тие му понудиле работно место во музејот, каде, како прва задача, требал да класификуца 2000 примероци на змии. По смртта на Греј во 1875, Гинтер бил назначен за Раководител на зоолошкото одделение во [[Природонаучен музеј (Лондон)|Природонаучниот музеј]], и на таа функција се задржал до 1895 г. За главно негово дело се смета осумтомниот „Каталог на риби“ (''Catalogue of Fishes'', 1859–1870). Работел и на [[влекачи]]те и [[водоземци]]те во музејската збирка. Во 1864 г. го основал стручното списание ''[[:en:The Zoological Record|Record of Zoological Literature]]'' и шест години бил негов уредник.<ref name=prsl />
 
==Кралско друштво==