Синоним (таксономија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Во [[научна номенклатура|научната номенклатура]], '''синоним''' е научен назив што се однесува на [[таксон]] кој денес има поинакво име,<ref name=ICBNsyn>[[#ICBN|''ICBN'']], „synonym“ во Прилог VII: „Поимник“ </ref> иако во зоологијата има малку поинаква улога.<ref>[[#ICZN|''ICZN'']], „synonym“ во „Поимник“</ref> На пример, [[Карл Линеј|Линеј]] ѝ го дал првото научно име на [[смрчата]], кое гласело ''Pinus abies''. Денес тој назив не е во употреба и претставува синоним за тековното име ''Picea abies''.
 
Синонимите во научна смисла важат само за научните називи, а не и за народните. На пример, „[[поскок]]“ и „[[камењарка]]“ обете се однесуваат на ''Vipera ammodytes'' и не претставуваат научни синоними, туку едноставно разни [[тривијалнонародно име|народни]] (тривијални) имиња за едно исто животно.
 
За разлика од [[синоним]]ите во други области, таксономскиот синоним не е истоветен на другото име, бидејќи во таксономијата тие не се еднакви и имаат поинаков статус. Секој таксон може да има само по едно име што важи за исправно (согласно номенклатурен правилник). Синонимот е најчесто врзан за поинаков пристап во класификацијата и со тоа, поинаква положба во системот.