Северина Вучковиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
== Музичка кариера ==
 
Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на [[1980]]-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во [[Загреб]] во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име ''Северина''. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и (2012) ,,italijana"
 
Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како ''Поглед испод обрве'', а по него следеше турнејата ''Вијурен у те''. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот ''Севергрин'' (2004). Во [[2006]] година победи на [[Хрватска|хрватскиот]] избор за песна за [[Евровизија]] Дора и ја претставуваше [[Хрватска]] во [[Атина]], [[Грција]] на [[20 мај]] [[2006]] со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 поени. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските фанови, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална [[Србија|српска]] ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од [[Загора]].