Ристо Фотов: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Проф. д-р Ристо Фотов''' е роден на 25 март 1952 година во селото Балталија, штипско...
(нема разлика)

Преработка од 11:21, 29 мај 2013

Проф. д-р Ристо Фотов е роден на 25 март 1952 година во селото Балталија, штипско. Тој има завршено основно училиште во Лакавица и Лесковица, штипско. Гимназија има завршено во гимназијата Славчо Стојменски - Штип 1971 година. Во 1971 се запишува на Економски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и дипломира во 1975 година.

Во Јануари 1976 се вработува во ЗОИЛ Македонија, денес QBE Македонија, Скопје. Во 1976 во зимскиот семестар се запишува на постдипломски студии на група Монетарно - кредитна теорија и политика, на која што магистрирал на 8.01.1982 и го добива називот магистер. Во 1987 тој пријавува тема за неговата докторска дисертација под менторство на професор д-р Тодор Тодоров. На 17.06.1991 тој докторирал и ја добил титулата доктор на науки.

Во 1995 и 1996 тој посетувал предавања на тема: Справување и тргување со хартии од вредност и научил како да управува со финансиски средства и добива диплома за стекнатото образование во таа област. Тој е автор на над педесет објавени и необјавени научни трудови во различни весници и списанија[1]. Во период од 01.07.2003 до 01.10.2005 тој е извршен директор во осигурителната компанија Макошпед во Скопје. Од 01.10.2005 бил назначен за доцент на Економскиот факултет на Првиот Приватен Универзитет на РМ, Европски Универзитет во Скопје. Од 01.07.2007 тој е назначен за доцент[2] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за предметот Финансии, каде што тековно е вработен.

Во моментот тој е професор и декан[3] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.



Наводи

Надворешни врски