Инструменти на монетарната политика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
* ''секундарни кредити'' и
* ''сезонски кредити''.
Примарнитe кредити претставуваат дисконтно позајмување со најзначајна улога во монетарната политика. На здравите банки им е овозможено да позајмуваат од Фед во неограничен износ на многу кратки рокови (вообичаено преку ноќ) преку аранжманот на примарни кредити и затоа овие кредити уште се нарекуваат и расположливи кредити. Каматната стапка на овие кредити е [[дисконтна стапка|дисконтната стапка]]. Преку овие кредити, Фед има за цел да биде резервен извор на [[ликвидни средства]] за депозитните банки. Секундарните кредити им се одобруваат на банки што се соочуваат со финансиски тешкотии и поголеми ликвидносни проблеми. Каматната стапка за овие кредити е поставена над дисконтната стапка. Сезонските кредити служислужат за потребите на мал број мали банки што се наоѓаат во [[туризам|туристички]] или [[култура|културни]] места што се соочуваат со сезонско движење на [[депозит|депозитите]].<ref>Фредерик С. Мишкин, ''Економија на пари, банки и финансиски пазари'', превод на осмо издание, Скопје, 2010, стр.381.</ref> Слични видови кредити од централните банки има и во останатите земји.
 
Централната банка, употребувајќи ја дисконтната политика, влијае врз паричната маса во оптек преку дисконтната стапка по која им дава [[заем]]и на депозитните банки. Со промената на дисконтната стапка, таа влијае на цената по која позајмуваат комерцијалните банки од неа и на тој начин влијае врз паричната маса во оптек. Кога економја запаѓа во инфлација, централната банка ја зголемува дисконтната стапка по која им позајмува на банките. Тоа значи дека позајмувањето на депозитните банки станува поскапо, па и тие ги зголемуваат своите каматни стапки по кои им позајмуваат на [[претпријатие|претпријатијата]] и населението. Тоа предизвикува интересот за кредити да се намали, со што се намалува и паричната маса во оптек и централната банка ја остварува својата цел, да ја намали инфлацијата. Обратен е случајот кога економија е во рецесија, односно кога има недостиг на пари во оптек. Со цел да ја поттикне економијата, централната банка ја намалува дисконтната стапка, предизвикувајќи понатаму низа од реакции, кои ќе доведат до зголемување на паричната маса и заживување на економијата.