Агрегатна побарувачка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
викификација
дополнување
Ред 6:
== Дефинирање на агрегатната побарувачка ==
 
Агрегатната побарувачка ни го покажува вкупното количество на финални добра и услуги коешто различните сектори на економијата се подготвени да го купат и да го потрошат при различни општи нивоа на цените. На ниво на вкупната економија финални добра и услуги побаруваат следните сектори: [[секторот на домаќинствата]] ( C ), [[секторот на претпријатијата]] ( I ), државниот сектор односно [[буџетот]] ( G ) и [[надворешно-трговскиот сектор]] ( X-M ). Значи, агрегатната побарувачка ја креираат претходно споменатите сектори:<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
AD = C + I + G + ( X – M )
 
:::::AD = C + I + G + ( X – M )
 
 
Секторот на домаќинствата троши најразновидни финални добра и услуги како што се: храна, облека, станови, телевизори, автомобили итн. Деловниот сектор т.е секторот на претпријатијата троши најразлични видови инвестициони добра: фабрички хали, машини, опрема и сл. Државата преку буџетот се јавува како еден од најголемите потрошувачи на финални добра и услуги во економијата – од моливи и хартија, храна и облека за војската и полицијата до тенкови и подморници. Надворешно- трговскиот сектор го остварува извозот и увозот на различни добра и услуги ( X-експорт, M- импорт ). Како компонента на агрегатната побарувачна надворешно- трговскиот секотр најчесто се означува со терминот нето-извоз, кој може да биде позитивен ( доколку извозот на земјата го надминува увозот ) или негативен ( доколку увозот на земјата го надминува извозот ).
 
== Крива на агрегатна побарувачка ==
 
Со помош на кривата на агрегатна побарувачка ( AD ) може да се следи вкупната количина на добра и услуги (искажана во парични единици) што ја побаруваат различните сектори на економијата при различни општи нивоа на цените. Кривите на побарувачката во економијата имаат негативен, опаѓачки наклон, бидејќи постои негативна меѓузависност на следните варијабли: општото ниво на цените и бараните количини на финални добра и услуги – ако цените растат, бараните количини на добра и услуги опаѓаат и обратно, ако цените се намалуваат, бараните количини на добра и услуги од страна на четирите економски сектори растат.<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
== Ефекти на кривата на агрегатна побарувачка ==
Економистите го објаснуваат опаѓачкиот наклон на кривата на агрегатна побарувачка низ дејството на три ефекти:
* Ефект на богатството ( Пигу )
* Ефект на каматната стапка ( Кејнз )
* Ефект на девизниот курс ( Мандел- Флеминг )
Споменатите ефекти ги откриле погоре наведените економисти, соодветно. Ако тргнеме од реалната претпоставка дека потрошувачката од страната на државата е константна големина, а сите останати компоненти на агрегатната побарувачка се променливи големини - се менуваат со промените на економските услови во земјата и особено со промените на општото ниво на цените. Ако се промени општото ниво на цените ќе профункционираат погоре споменатите ефекти и ќе предизвикаат промени во потрошувачката, инвестицииите и нето- извозот, а со тоа и промени во агрегатната побарувачка.<ref>Таки Фити, ''Макроекономија'', Економски факултет, Скопје, 2003.</ref>
 
=== ПитуовиотПигуовиот ефект на богатството ===
Според [[Артур Пигу]] ( 1877-1959 ), номиналната вредност на количината на пари што ја поседуваат потрошувачите е константна големина. Но, во услови на инфлација ( пораст на општото ниво на цени ) реалната вредност на парите се менува, опаѓа и обратно кога во економијата ќе наспати општо опаѓање на нивото на цени, потрошувачите со истата сума на пари сега ќе бидат во состојба да купат поголема количина на добра и услуги. Овој ефект кај потрошувачите предизвикува импресија дека се побогати, па при тоа ќе прошат и поголема количина на финални добра и услуги, а со тоа предизвикуваат и зголемување на агрегатната побарувачка.
Ред 34 ⟶ 39:
== Поместување на кривите на агрегатната побарувачка ==
Агрегатната побарувачка во економијата може да се менува под дејство на факторите што ја детеминираат, односно таа расте, се поместува нагоре, на десно ако во економијата дојде до зголемување на обемот на [[инвестиции]] во секторот на претпријатијата, до пораст на [[буџетската потрошувачка]], до пораст на [[нето- извозот]] како и под дејство на промените во фискалната и монетарната политика- кога политиките се експанзивни ( пораст на буџетските трошоци или зголемување на понудата на пари во економијата. Обратни се движењата и поместувањата на кривата на агрегатна погарувачка ( надолу, на лево ) кога во економијата постои опаѓање на масата на инвестиции кај претпријатијата, намалување на буџетската потрошувачка, намалување на нето- извозот и рестриктивна фискална и монетарна политика. Ќе бидат објаснети поместувањата на агрегатната побарувачка под дејство на промените во монетарната политика.<ref>Фити, ''Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет, Скопје.</ref>
== Рестриктивна монетарна политика ==
Промените во понудата на пари имаат силни импликации врз агрегатната побарувачка, односно зголемената понуда ја зголемува агрегатната побарувачка и обратно. Да претпоставиме дека во економијата постојат инфлаторни тенденции кои се закануваат да прераснат во неконтролирана инфлација. Во овој случај [[Централната банка]] ќе води рестриктивна [[монетарна политика]] т.е. ќе го намали количеството на пари во оптек со цел да ја намали агрегатната побарувачка ( ќе се помести надолу, кон лево ) и да ја заузда инфлацијата. Како резултат на тоа макроекономската рамнотежа ќе се воспостави на пониско рамниште, при пониско општо ниво на цени и понизок реален аутпут во економијата. Што всушност се случило? Високата инфлација ја принудила владата да води рестриктивна монетарна политика односно да ја намали понудата на пари, а со тоа се покачува каматната стапка како цена на парите што се позајмуваат- оваа политика се нарекува политика на скапи пари. Поради зголемените каматни стапки инвестициите во секторот на претпријатијата ќе се дестимулираат, а исто така и позајмувањата (кредити) од страна на домаќинствата. Тоа ќе предизвика пад на БДП во земјата, а истовремено владата и Централната банка го намалила општото ниво на цените, ја намалила инфлацијата. Но, цената што морала да се плати за стабилизација на економијата е губење на дел од реалниот аутпутпроизвод.<ref>Фити, ''Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет, Скопје.</ref>
 
== Екпанзивна монетарна политика ==
 
Во почетокот макроекономската рамнотежа е воспоставена при определено ниво на аутпут и општо ниво на цени. Владата и Централна банка за да го зголемат производство и вработеноста спроведуваат експанзивна монетарна политика ( [[зголемена понуда на пари]] ) со што каматната стапка се намалува, ги стимулира инвестициите на претпријатијата и ги поттикнува домаќинствата преку кредитите да ја зголемат агрегатната побарувачка. Ова ќе предизвика кривата на агрегатната побарувачка да се помести нагоре, на десно, а со тоа реалниот БДП и општото ниво на цени пораснале.<ref>Таки Фити, ''Феноменологија на економските кризи'', Економски факултет, Скопје, 2009.</ref>
 
== Наводи ==