Елизабета Боуз-Лајон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
[[Принцот Алберт]], „Берти“ за семејството, бил [[војвода од Јорк]] и втор син на кралот [[Џорџ V]]. Во 1921 година ја запросил Елизабета, но таа го одбила, плашејќи се повторно да не ја изгуби слободата слободно да мисли, зборува и прави она што таа мисли дека треба. Кога Алберт изјавил дека нема да се ожени со друга, неговата мајка, [[кралицата Мери]], го посетила Гламис за да со свои очи ја види девојката која го украла срцето на нејзиниот син. Се уверила дека Елизабета е онаа која ќе го направи Алберт среќен, но сепак решила да не се меша. Во исто време, Елизабета била осудувана од [[Џејмс Стуарт]], [[кралски слуга]] на Алберт, сè додека не заминал поради подобро платена работа во американската индустрија за нафта.
Во февруари 1922 година, Елизабета била деверуша на свадбата на [[принцезата Мери]], сестра на Алберт, со [[виконтот Ласкел]]. Следниот месец, Алберт повторно ја побарал за жена и таа повторно го одбила. Конечно, во јануари 1923 година, Елизабета се согласила да се омажи за него и покрај нејзините сомнежи за кралскиот живот. Слободата на Алберт да се ожени со Елизабета која не била од кралско семејство иако ќерка на благородник, се сметал за гест во корист на политичката модернизација; претходно се очекувало принцевите да се оженат со принцези од други кралски семејства. Се венчале на 26 април 1923 година во [[вестминстерската опатија]]. Неочекувано, Елизабета положила букет на гробот на [[Непознатиот воин]] во чест на нејзиниот брат Фергус. Таа ја добила титулата [[''Нејзиното кралско величество, војвотката од Јорк.'']]
[[Податотека:Wedding of Princess Mary and Viscount Lascelles 1922.jpg|мини|лево|Елизабета како деверуша на свадбата на принцезата Мари и виконтот Ласкел]]
По свадбениот појадок во Бакингемската палата подготвен од шефот [[Габриел Шуми]], новата војвотка и нејзиниот сопруг го поминале медениот месец во [[Polesden Lacey (едвардијанска куќа)]], стара куќа во Сари а потоа се упатиле во Шкотска каде Елизабета фатила „неромантична“ [[магарешка кашлица]].
==Војотката од Јорк==
По успешната посета во [[Северна Ирска]] во јули 1924 година, [[Лабуристичката партија]] се согласила Алберт и Елизабета да направат турнеја во Источна Африка од декември 1924 година до април 1925 година. Лобуристичката партија била поразена од Конзервативците на [[општите избори]] во ноември (кои Елизабета ги опишала како прекрасни на нејзината мајка) и [[генералниот гувернер]] на [[англо-египетски Судан]], Сер [[Ли Стак]], бил убиен три недели подоцна. И покрај ова, турнејата продолжила. Го посетиле [[Аден]], [[Кенија]], [[Уганда]] и [[Судан]], но го избенале Египет поради политички тензии.
Петелчењето влијаело врз способноста на Алберт убаво да се изразува, но Елизабета му помогнала во терапијата смислена од страна на [[Лионел Лог]], епизода прикажана во филмот од 2012 година [[''Говорот на кралот'']]. Во 1926 година, се родило нивното првото дете, принцезата Елизабета – „Лилибет“ за семејството – која подоцна ќе стане [[Кралица Елизабета II]]. Четири години подоцна им се родила втората ќерка, [[Маргарет Роуз]]. Во 1927 година Алберт и Елизабета [[отпатувале во Австралија]] без нивните деца за да го отворат [[парламентот]] во [[Канбера]]. Со нејзини зборови „била многу несреќна што го оставила своето бебе“. Патувањето по море ги одвело преку Јамајка, Панамскиот канал и Пацификот; Елизабета постојано била загрижена за нејзиното бебе кое се наоѓало во Британија, но нивното патување било од важност за успехот на јавните односи.
[[Податотека:StateLibQld 1 185063 Duke and Duchess of York at a Beaudesert campdraft, 1927.jpg|мини|лево|Војводата (десно) и војвотката од Јорк]]
Ја шармирала публиката во Фиџи кога поздравувајќи се со долга редица официјални гости, куче скитник се појавило на церемонијата па таа се поздравила и со него потресувајќи ја неговата шепа. Во Нов Зеланд фатила настинка па не учествувала на некои средби, но уживала во локалниот риболов во [[Заливот на островите]] ([[англиски]]: [[Bay of Islands]]) придружувана од страна на австралискиот спортски рибар [[Хери Андреас]]. На враќање преку Маурициус, Суецкиот канал, Малта и Гиблатар, нивниот превоз, [[ХМС реноме]], се запалил и тие се подготвиле да го напуштат бродот пред огнот да се стави под конрола.
==Пристапување и одрекување од тронот на Едвард VIII==
Ред 66 ⟶ 68:
Педесет автори и уметници придонесле за книгата која на предната корица имала портрет на кралицата насликан од [[Сесил Бетон]] и бил продаден во корист на [[Црвениот крст]]. Елизабета јавно одбила да го напушти Лондон или да ги испрати децата во Канада, дури и за време на бомбардирањето на Обединетото Кралство од страна на Германија, познато како [[Блиц]], кога [[кабинетот]] ја советувал да го направи тоа. Таа изјавила „Децата нема да одат без мене. Нема да го напуштам кралот. И кралот никогаш нема да замине.“
Ги посетила војниците, болниците, фабриките и делови од Британија кои биле мета на [[германскиот Луфтвафе]] особено во [[]]источниот крај, близу [[лондонските докови]]. На почетокот нејзината посета предизвикала немири (фрлале ѓубре по неа и народот се потсмевал од една страна затоа што носела скапа облека која ја оддалечила од луѓето кои страдале од сиромаштијата која војната ја предизвикала). Објаснила дека ако ѝ дојдат тие на посета ќе го облечат нивното најдобро парче облека па таа ќе им врати во натура; облеката која [[Норман Хартел]] ја направил за неа била во нежни бои избегнувајќи ја црната со цел да го претстави „виножитото на надеж“. Кога [[Бакингемската палата]] доживеала неколку удари за време на бомбадирањето, Елизабета била во можност да го изјави следново „ Мило ми е што бевме бомбардирани. Тоа ме натера да почувствувам дека можам да го погледнам источниот крај во лице.“
[[Податотека:09-2361a.jpg|мини|десно|[[Еленор Рузвелт]], кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во Лондон, 23 октомври 1942 година]]
Иако кралот и кралицата го поминале работниот ден во Бакингемската палата, делумно поради безбедносни и семејни причини ја поминале ноќта во [[замокот Виндзор]] околу 20 милји (32 км) западно од центарот на Лондон заедно со принцезите Елизабета и Маргарет.
Палата изгубила поголем дел од својата [[армија]], а повеќето од собите биле затворени. Прозорците биле уништени од страна на експлозиите па затоа биле заковани. Во текот на [[„Привидната војна“]] на кралицата ѝ била овозможена обука со револвер поради стравување од непосредна инвазија.