Дора Сток: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tocno (разговор | придонеси)
Tocno (разговор | придонеси)
Ред 7:
Таа била родена во Нирнберг, од татко Јохан Мајкл Сток, кој бил резбар на бакар (роден во 1737 година- починал во 1773 година). Во 1756 година, татко и се оженил со вдовица која била 5 години постара од него- Марија Хелен Енднер, родена во Швабе (1733г.-1782г.)- која веќе имала син, кој се викал Георг Густав, од нејзиниот претходен брак. Дора била првото од двете деца родени од овој брак; две години подоцна се родила нејзината помала сестра Ана Марија Јакобина, наречена Мина (родена на 11 март 1762- починала во 1843 година).
 
Кога Дора имала 5 години, нејзиниот татко започнал да работи во Лајпциг како резбар и илустратор за фирмата на Бриеткопф за печатење и издавање, a неколку месеци подоцна неговата фамилија заминала во Лајпциг. Семејството на Сток не се снашло добро. Тие живееле на 5-тиот кат во таванските соби во зграда чија долните катови биле зафатени со печатарските особености на Бриеткопф. Нејзиниот татко работел во дневната соба, каде имал доволно светлина и бил опкружен од неговото семејство.
 
Како што било обично со децата во тоа време (посебно девојчињата), Дора не одела на училиште; меѓутоа, локалниот претставник ја научил за основните вештини на читање и аритметика, а нејзината мајка ја научила за музиката; имала мал клавир во нивната куќа. Богатата фамилија Бриеткопф, често ја поканувале во нивниот дом, каде таа си играла со децата и добивала значително образование.