Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 53:
=== Врски и семејство ===
Фокс е со актерот Брајан Остин Грин уште од 2004г., најпрво се запознаа на снимањето на Хоуп и Фејт кога таа имаше 18 а тој 30 години. Во 2006г. се свршија, но потоа во февруари 2009г. ја прекинаа свршувачката. Фокс беше цел на група на криминалци мотивирани од мода, познати како „[http://en.wikipedia.org/wiki/Bling_Ring The Bling Ring]“, кои ја ограбија куќата на Грин бидејќи таа живееше со него. Фокс и Грин повторно ја објавија нивната свршувачка во јуни 2010г., и на 24 јуни 2010г. имаа приватна свадбена церемонија во „''Four Seasons Resort''“ на Големиот остров на Хаваите. Фокс и Грин имаат син по име Ноа Шанон Грин, кој се роди на 27 септември 2012г. Фокс исто така е и маќеа на синот на Грин, Касиус (роден на 30 март 2002г.), од претходната врска на Грин со актерката Ванеса Марсел Џовиназо.
=== Интереси и други информации ===
Фокс е фан на комични книги, анимирани филмови и видео игри, нејзин омилен актер е Мајкл Тарнер, чијашто комична книга „Фатом“, Фокс ја опишува како нејзина долгогодишна опсесија. Таа има две кучиња, од кои едното е померанско куче, крстено по басистот на Секс Пистолс, Сид Вишес. Во 2007г. таа изјави: „''Имам косумирано дроги, и од искуство знам дека не ги сакам''“; сепак, таа ја поддржува легализацијата на марихуана, отворено признава дека ја пуши, и вели дека не ја смета за дрога, и дека би застанала прва во редот за да купи пакетче џоинт.
 
Фокс има изразено недоверба и одбивност кон сите „''момчиња/ мажи''“ општо, изјавувајќи дека : „''Момчињата на 20г. се губење на време. Тие немаат што да понудат како тема ''на разговор; не се зрели''“. Исто така се чувствува и за жените од филмската индустрија: „''Особено не им верувам на девојките во оваа индустрија, бидејќи неверојатно многу сакаат да се натпреваруваат една со друга, а јас не сум заинтересирана за тоа''“.
 
Во септември 2008г. Фокс во едно интервју за списанието „''ЏиКју''“, алудираше дека е бисексуалец. Таа рече дека кога имала 18 години, се заљубила и се обидела да воспостави врска со стриптизета. Таа го користеше ова искуство за да го докаже нејзиното верување дека : „''Секој човек е роден со способноста да биде привлечен од двата пола''“ и додатно покажа интерес кон Оливија Вајлд. Во мај 2009г., таа ја потврди нејзината бисексуалност, изјавувајќи: „''Не се сомневам во мојата бисексуалност. Но исто така сум лицемерна: Никогаш не би излегувала со девојка која е бисексуалец, бидејќи тоа значи дека таа исто така спие и со мажи, а мажите се нечисти, така што никогаш не сакам да спијам со девојка што има претходно спиено со маж''“. Во јунското издание на „''Ел''“ во 2009г., таа откри дека донекаде ја уништила случката со нејзината врска со стриптезетата, велејќи дека на некои машки писатели им дала „''возбудлива верзија''“ од нејзиното минато. „''Тие се машки; лесно е да си играш со нив. Им кажувам приказни и тие ми јадат од раката. Се што им кажувам не е точно. Всушност, поголемиот дел се глупости''“. Фокс рече: „''Никогаш не реков дека таа ми беше девојка! Само реков дека ја сакав, и навистина ја сакав. Вистинската приказна е поотрезнувачка. Не е секси, забавна, приказна за фантазирање.Но тоа не е приказна што се кажува за „ЏиКју''““.
 
Фокс има откриено дека не се социјализира многу, „''Нема да верувате, но јас никогаш не излегувам навечер по дискотеки. Не сакам пијани, испотени луѓе чијашто единствена цел им е да имаат секс. Останувам дома и играм табла на мојот компјутер. Понекогаш одам во Color Me Mine каде што се занимавам со грнчарство''“. Потоа додаде: „''Можам со денови, па дури и недели да не зборувам со друго човечко суштество''“. Таа рече: „''Всушност никогаш не сум се социјализирала, секогаш бев анти-социјална и преферирав да останувам дома. Никогаш, па дури и во моите касни тинејџерски години и моите рани дваесети години, не излегував во клубови, не одев на забави и слични работи''“. Таа исто така откри дека била само со двајца мажи целиот нејзин живот – „''Мојата љубов од детството и Брајан. Никогаш не би можела да имам секс со некој што не го сакам. Ми се лоши од самата идеја. Никогаш не ни бев блиску до врска за една вечер''“.
 
На 20 години таа добива страв од летање и откри дека за да го надмине стравот, слуша песни од Бритни Спирс додека лета. Таа исто така има брахидактилија („ кратки прсти на рацете и нозете“), и отворено зборуваше за нејзиното опсесивно-компулсивно нарушување ([http://en.wikipedia.org/wiki/Obsessive–compulsive_disorder OCD]), несигурност и самодеструктивност, признавајќи дека има многу мала самодоверба:
 
„''Не сакам да елаборирам. Никогаш не сум била некоја што се сече себеси поради депресија. Девојките минуваат низ различни фази додека растат, кога се мизерни и прават различни работи, било тоа да е нарушување во исхраната или само-повредување/сечење. Јас сум многу несигурна во врска со се. Свесна сум како изгледам, но има работи на мене што ги сакам и работи што не ми се допаѓаат. Косата ми е добра. Бојата на очите очигледно ми е добра. Многу сум ниска. Но во целост, не сум премногу возбудена околу целата таа работа. Мислам дека не сум достојна за ништо... Имам некое ненормално чувство дека цело време ме исмејуваат. Самата себеси се мразам. Тоа што се мразам себеси не ме спречува да бидам среќна. Но сепак, се борам за да бидам среќна. Многу сум чувствителна. Но исто така можам да бидам и агресивна, пакосна, надмоќна и себична. Емоционално сум непредвидлива и расеана. Јас сум контролор''“.
 
Фокс за списанието „''Ескуајр''“ во јануари 2013г. изјави дека нејзината Христијанска вера е многу важна за неа, и дека се осврнува кон неа за да не тргне по патот на Мерлин Монро, Линзи Лохан и Бритни Спирс. Таа исто така кажа дека сè уште наоѓа мир во изговарање на неразбирливи зборови ([http://en.wikipedia.org/wiki/Speaking_in_tongues глосолалија]). „''Морам да бидам сигурна дека јас го контролирам моето тело''“, вели таа. „''Сигурно си мислите, зошто тогаш сакам да одам во црква и да практикувам глосолалија? Мора да сфатите, таму се чувствувам сигурно. Воспитувана сум да верувам во тоа дека сме сигурни во рацете на Господ. Но не се чувствувам сигурна со себе''“.
== Наводи ==
{{reflist}}