Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 41:
Во март 2009г., „''Варајати''“ соопшти дека Фокс се јавува како копродуцент заедно со Брајан Остин Грин, и ја има главната улога како Аспен Метјуз, во филмот, којшто е адаптација на комичната книга Фатом (Fathom). Фокс се појавува заедно со Доминик Монаган во спотот за песната „Love the Way You Lie“ на Еминем и Ријана. Во 2012г. таа за кратко се појавува во комедијата на Саша Барон Коен, Диктаторот (The Dictator), и со споредна улога во комедијата на Џуд Апатоу, Ова се 40-тите (This Is 40). Таа го позајми гласот на Лоис Лејн во епизодата „Robot Chicken DC Comics Special“, една епизода на комичната телевизиска серија „Robot Chicken“, и се емитуваше еднократно на 9 септември 2012г. кога се емитуваше „Adult Swim“ на „''Картун Нетворк''“. Во јануари 2013г. Фокс се појави во реклама за пивото ''Брахма'', на бразилска телевизија. Во февруари 2013г. Фокс ги занемари разликите меѓу неа и нејзиниот поранешен директор Мајкл Беј, и беше потврдено дека таа ќе работи повторно со него во Нинџа Желки (Teenage Mutant Ninja Turtles).
== Имиџ ==
Во едно интерјву за „''Тајмс''“, на темата да се биде пример за другите луѓе, Фокс изјави: „''Зависи од тоа што подразбирате под пример за другите''“, и продолжи „''Ако вашата идеа за пример за другите е некој што ќе им проповеда на вашите деца дека сексот пред брак е погрешен, и дека пцуењето е лошо, и дека жените треба да прават само некои одредени работи, тогаш јас не сум пример за другите. Но ако сакате вашите девојчиња да бидат силни и интелигентни, да бидат искрени и да се борат за тоа што сметаат дека е правилно, тогаш да, сакам да бидам таков пример''“. Во истото интервју, Фокс зборува за тоа да се биде карактеризиран. „''Како да ве карактеризираат? Како привлечна? Зар тоа е лошо?''“ таа изјави дека не е лошо да ве карактеризираат на таков начин. Таа тоа го смета за ласкање, и смета дека предноста е тоа што може да ги изненади луѓето со нејзината добра изведба на некоја улога, бидејќи тие ќе очекуваат од неа само да биде атрактивна. Таа покажа интерес да глуми и помалку сексуализирани ликови од ликот на Микаела Банс од серијата Трансформери. На прашањето како е да се биде популарна тема на медиумите, таа рече дека иако не е на исто ниво со Џенифер Анистон, Бритни Спирс, или Линзи Лохан, сепак и е тешко, и дека имало моменти кога луѓето избегнуваат да бидат во нејзина близина бидејќи не сакаат да бидат центар на медиумското внимание. Таа рече: „''Морам да внимавам како се однесувам, за луѓето да ме сфатат сериозно''“, и „''Можеш да бидеш и секси и интелигентен и пак да те сфатат сериозно, а можеш и да бидеш секси и да излегуваш секоја вечер во клубови и да не те сфатат сериозно''“, но дека таа „''не е тотално полудена''“. Фокс исто така коментира за тоа како преминала од „''релативно непозната''“ до популарна: „''Дефинитивно се чувствувам неподготвена; знам дека никој не вели „Мислам дека сега е моментот да станам славна личност“, - но дефинитивно мислам дека е премногу рано. Односно, бев само во еден филм што луѓето го гледале''“.
 
Фокс се појави на насловните страни на многу магазини. Во 2007г., се појави во „''Максим''“; во 2008г., на листата беа додадени „''Космо Грл''“, „''Пав Принт''“, „ ''Џек''“ (Италија), „''ЕфЕјџЕм''“ (Велика Британија), и „''ЏиКју''“. Во 2009г. кон листата се приклучуваат и „''ЈуЕсЕј Викенд''“, „''Ескуајр''“, „''Емпајр''“, „''Максим''“, „''ЏиКју''“ (Велика Британија), „''Ентертејмент Викли''“ и „''Ел''“. Според интервјуата на магазините, Фокс беше рангирана на 17-то место за Холивудски лица кои ќе бидат „Идни ѕвезди“, на 16-то место во списанието „''Максим''“ на листата „100-те најжешки жени“ во 2008г., на 68-мо место во додатокот на списанието „''ЕфЕјџЕм''“ за "100-те најсекси жени на светот за 2006г.", на 18-то место на списанието „Максим“ за „100-те најжешки жени за 2007“, на 1-во место во „''Мувифон''“ за „25-те најжешки актери под 25 години“ во 2008, и на 2-ро место во списанието „''Максим''“ на листата на 100-те најжешки жени за 2009г., во 2009г. Читателите на „''ЕфЕјџЕм''“ во 2008г. ја изгласаа за „Најсекси жена во светот“. Во 2011г., беше рангирана на 14-то место за "100-те најжешки жени на сите времиња" од „''Менсхелт''“. „''Пипл''“ ја именуваше како една од „Најубавите на секоја возраст“ во 2012г. Истата година, Фокс откри дека листите за „најубава жена на светот“ е само дел од работата во Холивуд, и изјави: „''Знаете, таквите листи, а ги има многу, обично, ги одбираат девојките кои глумеле во најголемите мегахитови во таа година''“. Кон крајот на јули 2009г.,неколку машки веб-страни ја бојкотирале поради нејзиното претерано експонирање во дел од медиумите. Блогот за мажи „''Asylum''“ на [http://en.wikipedia.org/wiki/AOL AOL], денот 4 август 2009г, го нарече „Ден без Меган Фокс“ и вети дека на овој ден нема да ја спомнува или да и придава значење ; тие побараа и од другите веб-страни за мажи да го копираат овој нивни став, и неколку (како ''<nowiki>AskMen.com</nowiki>'', ''Just a Guy Thing'', и ''Banned in Hollywood'') се согласија. Ерик Рогел од ''TheBachelorGuy''.com изјави за „''Њујорк Дејли Њус''“„''Видете, ние ја сакаме Меган. Таа привлекува повеќе посетувања на нашите веб- страни отколку која било друга позната личност, и тоа само со една слика каде што се шета по улица во бела маичка. Но време е да посветиме малку внимание и на некоја друга млада актерка''“. Други веб-страни, сепак, одбија да ја бојкотираат Фокс, со изјавата на веб-страната ''Popeater'' (сестринската веб-страна на ''Asylum'') : „ ''Ние објавуваме работи за Меган Фокс што дури и не се новости, само затоа што знаеме дека сакате, без разлика дали ќе признаете или не''“ , и со нарекувањето на бојкотот како „ ''публицитетен трик''“ и „''лицемерен''“ од страна на списанието „''Коед''“, велејќи дека тие се место за „''Бојкотирање на бојкотот на Меган Фокс''“. Британскиот весник „''Сан''“ го прогласи 4 август за „Ден на Меган Фокс“, велејќи дека таа заслужува да има ден посветен на неа. Како одговор на бојкотот, Фокс во интервјуто во септември 2009г. изјави за списанието „''Нилон''“ дека „''медиумската интензивна кампања''“ за Трансформери резултираше со нејзиното претерано експонирање во медиумите. Таа рече: „ ''Јас бев дел од филм, за којшто студиото сакаше да се осигура дека ќе заработи 700 милиони американски долари, така што ги презаситуваа медиумите со своите ѕвезди. Не сакам луѓето да се заситат од мене, уште пред да направам нешто со што ќе го оправдам тоа''“. Во 2010г., Фокс беше многу малку истакната во медиумите, поради тоа што глумеше во филмови кои беа помалку комерционално успешни како, Џона Хекс и Игра на страста. Неодамнешни извештаи сугерираа дека „ ''изгледа како со години да не сме слушнале ништо за Меган Фокс''“; сепак, нејзината бременот во 2012г. и улогата во Пријатели кои имаат деца (Friends with Kids) го свртеа вниманието кон неа во 2012г.
 
На 11 септември 2009г. се појави непотпишано писмо од тројца членови на филмската екипа на Трансформери, во кое тие го бранат Мајкл Беј од обвиненијата на Фокс за неговото однесување при снимањето, и споредбата со Адолф Хитлер. Во писмото се наведува дека Фокс не е пријатна за време за снимањето и ја обвинуваат за неграциозно однесување што се разликува од нејзината јавна личност. Беј ја бранеше Фокс и рече дека не го „''одобрува''“ писмото. Асистентот на продукцијата, Антони Стеинхарт, исто така ја бранеше, изјавувајќи дека никогаш не сведочел настан каде што г-ца Фокс била груба или невнимателна со чувствата на луѓето или со работата.
 
Фокс многу често ја споредуваат со Анџелина Џоли, и медиумите ја нарекуваат „''идната Анџелина Џоли''“. Овие две актерки ги споредуваат бидејќи и двете имаат „''колекција на тетоважи''“ по нивното тело, и статус на „''секс-симбол''“. Фокс коментираше дека споредувањето е знак на недостаток на креативност во дел од медиумите, и дека споредбата со Анџелина Џоли се должи само на темната коса, тетоважите и улогите во акциони филмови. Постоеја неколку непотврдени озборувања дека Фокс ќе ја замени Џоли во наредното издание на филмот Лара Крофт. Фокс во врска со споредбата изјави: „''Јас сум црнокоса со тетоважи, пцујам и имам зборувано за секс. Се шегувам со тоа, а луѓето го сметаат за безобразно, па постојано го споредуваат тоа со неа''“. Таа додаде: „''Сигурна сум дека таа не знае која сум. Но ако бев на нејзино место, би рекла : По ѓаволите, кое е тоа глупаво детиште од Трансформерс што ќе биде идната јас? Не сакам да ја запознаам. Би се засрамила''“.
 
Фокс има 8 познати тетоважи, вклучувајќи ги името на нејзиниот сопруг „''Брајан''“ на долниот дел од колкот, слика од лицето на Мерлин Монро на нејзината десна подлактица, која што ја отстранува, и полумесечина која што се преклопува со петокрака ѕвезда, над нејзиниот десен глужд. Ова е единствената позната тетоважа во боја на Фокс.
== Наводи ==
{{reflist}}