Марија Тереза (Франција): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
Кога на 14 јули 1789 година [[Бастилја]] била нападната од вооружена толпа, тоа била кулминација на тогашната ситуација. Животот на кралската дама која имала 11 години бил доста погоден од оваа ситуација. Поради безбедност неколку членови на кралското семејство биле испратени во странство. [[Шарл x]], нејзиниот вујко и војвотката од Полињак, гувернантата на кралските деца, емигрирале по наредба на Луј XVI. Војвотката од Полињак била заменета од [[маркизата од Турзел]], чија ќерка, Полин, станала доживотен пријател на принцезата.
На [[5 октомври]], измешана толпа од жени и вооружени мажи од Париз со намера да се снабдат со јадење се упатиле кон Версај, мислејќи дека таму ја чуваат. По заземањето на палатата во раните утрински часови на 6 октомври кралското семејство биле принудено да се засолни во кралскиот апратман. Како што се влошувала политичката состојба, Луј XVI и Марија Антоанета сфатиле дека животот им е во опасност. Смислиле план за бегство со помош на [[грофот Аксел фон Ферсен]]. Планот бил кралското семејство да побегне во североисточната тврдина во [[Монтмеди]], кралско засолниште, но биле пресретнати во [[Варенес]] и смејеството се вратило назад во Париз.
===СветилиштетоТврдината во Париз-кралскиот затвор===
На [[10 август 1792 година]], откако кралското семејство побегнало во [[законодавното собрание]], Луј XVI бил тргнат од тронот, иако монархијата не била [[укинета]] сè до 21 септември.
На 21 јануари 1793 година Луј XVI бил погубен на [[гилотина]], време во кое неговиот млад брат Луј Шарл бил признат како [[крал Луј XVII]] од страна на ројалистите.