Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
Фокс зборуваше опширно за времето кога се школувала; дека во средно училиште ја задевале и била малтретирана, и дека ручекот го јадела во тоалетот, за да не фрлаат по неа со кечап. Таа рече дека нејзиниот изглед не бил проблемот, туку тоа што секогаш подобро се сложувала со машките, и дека тоа ги иритирало некои луѓе. Фокс исто така кажа дека никогаш не била популарна во училиштето „''Сите ме мразеа, и ме одбегнуваа, имав само машки другари, бев многу агресивна, и девојчињата не ме сакаа поради тоа. Имав само една другарка целиот мој живот''“. Во истото интервју, споменува дека го мразела училиштето и вели „''Не верував во формалното образование''“ и „''Образованието што го добивав беше неважно. Не ме интересираше училиштето и на некој начин се откажав од него''“.
== Кариера ==
На 16 години, во 2001г., Фокс дебитираше во филмот Одмор на сонцето (Holiday in the Sun), како Бријана Валас – разгалена наследничка и соперничка на Алекс Стјуард (Ешли Олсен), којшто беше објавен дирекно на DVD на 20-ти ноември 2001г. Во наредните години гостуваше во филмовите Што ми се допаѓа кај тебе („What I Like About You“), и Два и пол мажи (Two and a Half Men), исто така беше статист во Лоши момци 2 (Bad Boys II) во 2003г. Во 2004г. дебитираше во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) во кој игра заедно со Линзи Лохан, и ја има споредната улога на Карла Сантини, ривал на Лола (Линзи). Фокс исто така имаше редовна улога во комичната серија на „''ЕјБиСи''“, Хоуп и Фејт (Hope & Faith), каде што ја играше улогата на Синди Шановски, заменувајќи ја Никол Паџи. Фокс се појави од 2-3 сезона, до откажувањето на шоуто во 2006г.
 
Во 2007г., Фокс ја доби главната женска улога на Микаела Банс во акциониот филм Трансформери (2007г.), базиран на истоимената играчка и сага на цртан филм. Фокс ја глумеше саканата на Сем Витвицки, ликот што го глумеше Шија Лабаф. Фокс беше номинирана на „ЕмТиВи филмска награда“, во категоријата „Откритие на годината“, и исто така беше номинирана за три „Награди за тинејџерски избор “. Таа исто така глумеше во двете продолженија на Трансформери.
 
Повторно ја играше улогата на Микаела Банс во продолжението на Трансформер, Трансформери: Одмазда на паднатиот. За време на снимањето на продолжението на Трансформери, појавувањето на Фокс во филмот го следеа некои контраверзии, кога режисерот Мајкл Беј, и нареди на актерката да се здебели 4.5 килограми. Филмот беше издаден ширум светот на 24 јуни 2009г. Фокс требаше да глуми и во третиот дел на филмот, Трансформери: Темната страна на месечината (Transformers: Dark of the Moon), но тоа не се случи, поради нејзината изјава во која го споредувала работењето под палката на режисерот Беј, со работење за Хитлер. Нејзиниот партнер во филмот Шаја Лабаф изјави: „''Да критикуваш е едно. Но јавното навредување преминува во детска расправија. А тоа не смееш да го правиш''“. Беј ја измени неговата изјава со која ја поддржува Фокс, и во јуни даде изјава за „ЏиКју“ дека Фокс е отпуштена по наредба на извршниот продуцент Стивен Спилберг.
 
По завршувањето на франшизата на Трансформери, Фокс ја доби својата прва главна улога во филмот Телото на Џенифер, за истоимениот лик, напишан од оскаровскиот сценарист Диабло Коди.
 
Во април 2009г., Фокс започна со снимањето на филмот [http://en.wikipedia.org/wiki/Jonah_Hex_(film) Џона Хекс], во којшто го глумеше ликот на Лејла, како вооружена убавица и саканата на Џона Хекс ( Џош Бролин). Филмот беше издаден на 18 јуни 2010г. Иако нејзиното име беше на врвот на рекламниот плакат за филмот, таа својата улога ја опиша како [http://en.wikipedia.org/wiki/Cameo_appearance камео улога] (кратко појавување на славна личност во филм). Поради лошата изведба, беше откажана меѓународната дистрибуција, и поради тоа Џона Хекс се сметаше за критички и комерцијален неуспех во САД. Филмот беше наречен „најлош филм на годината“ од страна на „Houston Film Critics Society“. Потоа Фокс глумеше заедно со Мики Рурк во Игра на страста (Passion Play). Поради лошиот прием на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто, конвенционалната дистрибуција во театар беше заменета со дирекно објавување на видео, и филмот беше кратко прикажуван на само два екрани, колку да се исполнат договорните обврски. Мики Рурк забележа дека Игра на страста е „…''ужасен. Уште еден ужасен филм''“. Во 3Д документарниот филм Легенда за делфините (Na Nai'a Legend of the Dolphins), Фокс го позајми гласот на Хавајските „Spinner Dolphins“. Филсмата екипа се состои од: Кејт Винслет, Елен Пејџ, Џерард Батлер, Џејмс Франко, Џулијан Ленон, Диего Луна, Чич Марин, Вупи Голдберг, Изабела Роселини и Дарил Хана.
 
Во март 2009г., „''Варајати''“ соопшти дека Фокс се јавува како копродуцент заедно со Брајан Остин Грин, и ја има главната улога како Аспен Метјуз, во филмот, којшто е адаптација на комичната книга Фатом (Fathom). Фокс се појавува заедно со Доминик Монаган во спотот за песната „Love the Way You Lie“ на Еминем и Ријана. Во 2012г. таа за кратко се појавува во комедијата на Саша Барон Коен, Диктаторот (The Dictator), и со споредна улога во комедијата на Џуд Апатоу, Ова се 40-тите (This Is 40). Таа го позајми гласот на Лоис Лејн во епизодата „Robot Chicken DC Comics Special“, една епизода на комичната телевизиска серија „Robot Chicken“, и се емитуваше еднократно на 9 септември 2012г. кога се емитуваше „Adult Swim“ на „''Картун Нетворк''“. Во јануари 2013г. Фокс се појави во реклама за пивото ''Брахма'', на бразилска телевизија. Во февруари 2013г. Фокс ги занемари разликите меѓу неа и нејзиниот поранешен директор Мајкл Беј, и беше потврдено дека таа ќе работи повторно со него во Нинџа Желки (Teenage Mutant Ninja Turtles).
== Наводи ==
{{reflist}}