Марија Тереза (Франција): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Марија – Тереза од Франција''' ( француски: Marie Thérèse Charlotte; 19 декември 1778 г. – 19 октом...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Марија – Тереза од Франција''' ( француски: Marie Thérèse Charlotte; 19 декември 1778 г. – 19 октомври 1851 г.) била најстарото дете на [[кралот Луј XVI]] од Франција и кралицата [[Марија Антоанета]], неговата сопруга.
Таа се омажила со нејзиниот братучед, [[Луј Антоан]], најстариот син на идниот [[Шарл X]]. Со бракот ја презела и титулата [[војвотката од Ангулем]]. Кога нејзиниот свекор застанал на тронот на Франција во 1824 година, таа ја добила титулата [[Dauphine - жена на најстариот син на францускиот крал]]. Таа всушност била [[кралица на Франција]] дваесет минути, период во кој нејзиниот свекор го потпишал документот за одрекување од тронот, а нејзиниот сопруг,против своја впјлавoјла го потпишал документот за стапување на тронот.
==Биографија==
Марија-Тереза била родена во [[Версај палатата]] на 19 декмеври 1778 година како прво дете и најстара ќерка на кралот Луј XVI од Франција и кралицата Марија Антоанета. По седум години брак сите нестрпливо чекале да се роди дете. Поради преполната и непроветрената соба во која се пораѓала, Марија Антоанета речиси умрела од гушење. Прозорците набргу биле отворени за да влезе сеж воздух. Како резултат на ова ужасно искуство, Луј XVI го забранил јавното гледање и дозволил само најблиските членови и неколку доверливи дворјани да бидат сведоци на раѓањето на следните кралски деца. Откако ја вратиле во живот, кралицата со задоволство ја поздравила својата штотуку родена ќерка: ''„кутро мало сучштество, не си она што очекуваа, но сепак ќе те сакаме''. Синот ќе припаѓа на државата, а ти мене и ќе ја добиеш целосната потребна грижа, ќе бидеш дел од мојата среќа и лек за мојата болка.“''