Википедија:Подигни податотека: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
 
=== Награди ===
Првата сезона беше номинирана за петнаесет „Прајмтајм награди Еми“, од кои освои шест. Наградите беа во категориите за Исклучителна монтажа во комични серии, Исклучителна насловна нумера која ја доби Дени Елфман, Исклучителна главна женска улога во комични серии која ја доби Фелисити Хафман за нејзината улога како Линет Скејво, Исклучителна споредна женска улога во комични серии која ја доби Кетрин Џустен за улогата на г-ѓа МекКласки, Исклучителна режија за комични серии која ја доби Чарлс МекДугал и Исклучителен кастинг за комични серии. Тери Хечер доби награда „Златен глобус“ во категорија за Најдобра изведба на женска улога во тв-серија – мјузикл или комедија за нејзината улога на Сузан Мејер. Таа сезона уште четири други номинации за „Златен глобус“, добивајќи само еден за Најдобра телевизиска серија – Мјузикл или комедија. Сезоната исто така доби и две награди „Скрин акторс гилд“; едната и беше доделена на Тери Хечер во категоријата Исклучителна изведба на женска улога во комична серија и другата во категорија на Исклучителна изведба на актерска екипа во комична серија.