Награди Греми: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 73 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q41254 (translate me) |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
Греми награда (првично наречена Грамофонска награда) – или Греми – е признание од Националната академија за запис на звук на науките и умтностите на Соединетите Држави за да се признае изворедно достигнување во музичката индустрија. Годишната церемонија се одликува со настапи на познати изведувачи, а некои од наградите кој се од голем интерес се презентирани во телевизиска церемонија која има голема гледаност. Овие награди се еквивалентни на Еми наградите за телевизија, Тони наградите за сценски изведби и доделувањето на Оскарите за филмови.
Првата церемонија на Греми наградите се одржа на 4 мај 1959 година, а беше одржзана во чест на музичките достигнувања од страна на изведувачите во 1958 година. По церемонијата во 2011 година, NARAS обнови многу категории за Греми наградите во 2012 година. На 10 февруари 2013 година, во Стејплес центарот во Лос Анѓелес, Калифорнија, се одржа 55-тото издание на Греми наградите.
Историја
Потеклото на Греми наградите е од проектот Булеварот на славните во Холибуд во 50-тите. Комитетот на извршните директори кој беше избран за Булеварот на славните, работеше на составување на листата за важни луѓе во музичката индустрија кои можат да се квалификуваат за ѕвезда на Булеварот на славните, сфати дека има многу други луѓе кои се лидери во нивниот бизнис,а кои нема никогаш нема да добијат ѕвезда на Холивудскиот булевар. Музичките извршни директори одлучија да го поправат ова со тоа што ќе создадат награда која ќе се доделува од страна на нивната индустрија, слична на Оскарите и на Еми наградите. Ова беше почетокот на Националната академија за запис на звук на науките и уметностите. Откако беше одлучено да се воведе таква награда, сеуште постоеше прашањето како да се вика. Еден од насловите беше Еди, во чест на пронаоѓачот на фонографот, Томас Едисон. Тие конечно се решија на наградите да им го дадат името на пронајдокот на Емил Берлинер, грамофон, кое за прв пат беше употребено во 1958 година.
Грамофонски трофеј
Позлатените трофеи, на кои е прикажан позлатен грамофон, се направени и составени од раката на Билингс уметничките дела во Риџвеј, Колорадо. Во 1990 година, оригиналниот Греми дизајн беше обновен, менувајќи го традиционалното меко олово со поцврста легура која е помалку склона на оштетување, правејќи го трофејот поголем и пограндиозен. Трофеите на кои е изгравирано името на оној на кој му се доделува наградата, не се достапни до прогласувањето на наградата, па така “лажните” трофеи се користат одново секоја година на емитувањето.
Почнувајќи од февруари 2009 година, доделени се 7 578 Греми трофеи.
Категории
" Општата област" се четири награди кои не се ограничени од страна на жанрот.
• Албум на годината се доделува на изведувачот и на продукцискиот тим на целиот албум.
• Запис на годината се доделува на изведувачот и на продукцискиот тим на песната.
• Песна на годината се доделува на авторот(те)/композиторот(те) на песната.
• Најдобар дебитант се доделува на изведувач со ветувачки пробив, кој издадил за време на годината за која се доделуваат наградите, прв запис кој го утврдува јавниот идентитед на тој изведувач ( кој не е потребно да биде неговиот вистински прв запис).
Други награди кои се доделуваат, се за изведувачите и продукциите во одредени жанрови, како и за други заслуги како што се уметничко дело и видео. Специјални награди се доделуваат за долготраен придонес во музичката индустрија.
Поради големиот број на категории за награда (78 во 2012 година) и желбата да има неколку изведби од страна на разни изведувачи, само оние кои се од најголем интерес – обично околу 10 до 12, вклучувајќи ги четирите категории од општата област и една или две категории од најпопуларните музички жанрови (т.е. поп, рок, кантри, рап) – се презентирани директно на телевизиската церемонија за доделување на награди. Другите награди се презентирани порано во пред-телевизиската церемонија, во текот на попладневните часови на Греми церемонијата на доделување награди.
Измена на категориите во 2012 година
На 6 април 2011 година, Академијата за запис на звук најави драстични измени на многу категории за Греми награда за 2012 година. Бројот на категориите беше намален од 109 на 78. Најважната измена е отстранувањето на разликата помеѓу машки и женски солисти и помеѓу соработки и дуо/група во различни жанровски полиња (поп, рок, ар-ен-би, кантри и рап). Исто така беа укинати и неколку категории за инструменталните солисти. Записите за овие категории сега спаѓаат во општите категории за најдобра соло изведба.
Во полето на рокот, одделните категории за хард рок и метал албуми станаа една категорија, а категоријата за Најдобра рок инструментална изведба беше укината поради намалувањето на бројот на записи.
Кај ар-ен-би, се укина разликата помеѓу Најдобар современ ар-ен-би албум и други ае-ен-би албуми. Тие сега се вклучени во една, општа категорија за Најдобар ар-ен-би албум.
Во рапот, категориите за Најдобар рап солист И Најдобро дуо или група се здружени во нова категорија за Најдобар рап изведба.
Најголеми укинувања се случија во коренските категории. Се до 2011 година, имаше одделни категории за различни американски форми, како што се хавајската музика, and изворната американска музика и зудеко музиката. Поради постојаниот мал број на записи во овие категории, Академијата за запис на звук одлучи да ги стави сите овие варијации во нова категориија за Најдобар регионално-коренски албум, вклучувајќи ја и полката, која за загуби нејзината посебна категорија во 2009 година.
Во исто жанровско поле беа здружени традиционалните и современите блуз категории како и традиционалните и современите народни категории, поради бројот на записи поради разликувањето на современата народна и Американа и современиот и традиционалнит блуз. Во полето на жанрот на светската музика, традиционалните и современите категории исто така беа споени.
Во полето на класичната музика, главната категорија за Најдобар класичен албум беше укината поради тоа што повеќето од победниците во оваа категорија исто така победиле и во една од другите класични категории за истиот албум. Класичните записи сега се квалификувани во категоријата за Најдобар албум на годината.
Исто така има и мали измени на имињата за подобро да се прикаже природата на одделните категории. Од страна на Академијата за запис на звук беше утврдено дека зборот “госпел” во полето на госпел музиката има за цел да ги долови сликите и звуците на традиционалните соул госпел и да ја тргне на страна сегашната современа христијанска музика (СХМ). Поради тоа областа на жанрот и некои категории беа преименувани во госпел/современа христијанска музика.
Процесот на номинација
За да бидат номинирани, издавачките куќи и индивидуалците треба да поднесат снимки. Номинациите се направени онлајн, а физичка копија од делото е испратена до Националната академија за запис на звук. Откако делото е испратено , се одржуваат сесии за разгледување од страна на повеќе од 150 експерти во музичката индустрија, за да се утврди дали делото е прифатливо и се внесува во одредена категорија за официјална номинација.
Листата со резултати е доставена до сите членови на NARAS, кои можат да гласаат за номинирање во општите области (Запис на годината, Албум на годината, Песна на годината и Најдобар дебитант) и имаат право на глас во не повеќе од девет од 30 други полиња. Номинирани се петте записи кои ќе соберат најмногу гласови. Доколку има нерешен резултат во процесот на номинација, тогаш може да има повеќе од пет номинирани.
Додека членовите на Академијата за филмска уметност и науки се поканети на прикажувањето или им се испратени ДВД-а од филмовите кои се номинирани за оскари, членовите на NARAS не ги добиваат номинираните записи.
Откако се одредени номинираните, конечните гласачки ливчиња се испратени до членовите на Академијата за запис на звук, кои можат тогаш да гласаат во општите области, во не повеќе од осум од вкупно 30 полиња.Членовите на NARAS помагаат, но не се неопходни да гласаат, освен само во нивната стручна област. Гласачките ливчиња се претставени во табела тајно од страна на главната независна сметководствена фирма “Deloitte Touche Tohmatsu”. По сумирањето на гласовите, победниците се соопштени на церемонијата на Греми наградите. Записот со најмногу гласови победува во категоријата, а можно е да има и нерешен резултат. Победниците се наградени со Греми награда, а на оние кои не победиле им се доделува медал за нивната номинација.
И во двете гласачки круга, од членовите на академијата се бара да гласаат само врз основа на квалитетот, а да не бидат под влијание на продажбите, топ листите, лични пријателства, регионално претпочитање или компаниска лојалност. Прифаќањето на подароци е забрането. Од членовите се бара да гласаат на начин кој го зачувува интегритетот на академијата.
Периодот за кој се доделуваат Греми наградите 2013, беше од 1ви октомври 2011 година до 30ти септември 2012 година.
Место на одржување
Пред 1971 година, церемониите на Греми наградите се одржуваа на различни локации во истиот ден. Првично Њујорк и Лос Анџелес беа градови домаќини.Во 1962 година Чикаго се придружи да биде град-домаќин, а потоа Нешвил стана четвртата локација во 1965 година.
Церемонијата во 1971 година, одржана во Паладиум, Холивуд во Лос Анџелес, беше првата што се одржа на една локација. Потоа церемонијата беше преместена на Фелт Форум во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а потоа во Тенеси театарот во Нешвил во наредните две години. Потоа од 1974 година до 2003 година, Греми наградите се одржуваа на различни места во Њујорк и Лос Анџелес. Медисон Сквер Гарден и Радио Сити Мјузик Хол во Њујорк и Шрин Аудиториум, Стејплес Центарот и Паладиум Холивуд во Лос Анџелес се едни од најзначајните локации.
Во 2004 година, Стејплес центарот стана постојан дом на церемониите за доделување награди. Греми Музејот е изграден спроти Стејплес Центарот во Л.А Лајф за да се зачува историјата на Греми наградите. На тротоарите од улиците на музејот се вградени бронзени плочи, слични на оние на холивудскиот Булевар на славните, во чест на победниците секоја година на Запис на годината, Најдобар дебитант, Албум на годината и Песна на годината.
Водечки победници
Со 31 Греми награда, Сер Џорџ Солти е изведувачот со најмногу Греми победи. Алисон Клаус е најголем победник помеѓу женските изведувачи со 27 награди. ЈУ ТУ со 22 Греми награди, го држи рекордот за најмногу добиени награди од страна на група.
Критики
Греми наградите имаат добиено критики од различни музичари и музички новинари.
Кога неговиот бенд Pearl Jam доби Греми во категоријата Најдобра Хард Рок Изведба во 1996 година, пејачот Еди Ведер на сцената искоментира: ,,Не знам што значи ова. Не мислам дека значи нешто.” Лидерот на ирската рок група The Frames во 2008 година изјави дека Греми наградите претставуваат нешто надвор од вистинскиот свет на музиката ,,тоа целосно се базира на индустрија”. Тој рече дека не бил многу заинтересиран за да присуствува на церемонијата таа година, иако бил номиниран за две различни награди. Мејнард Џејмс Кинан, пејачот на метал бендот Tool, не присуствуваше на церемонијата на Греми наградите за да прими една од нивните награди. Тој ги објасни неговите причини:
Мислам дека Греми наградите не се ништо повеќе од една гигантска рекламна машина за музичката индустрија. Тие не ја почитуваат уметноста или уметникот за она што го создал. Тоа е музички бизнис кој што се слави себеси. Тоа е всушност она за што се работи.
Исто така се критикувани за тоа што главно наградуваат или номинираат повеќе комерцијално успешни награди отколку критички успешни албуми. Во една статија во 2011 година, новинарот Рендал Робертс од Los Angeles Times беше критичен во однос на номинациите за 54-тото издание на Греми наградите, особено за категоријата Албум на годината, истакнувајќи го исклучувањето на “My Beautiful Dark Twisted Fantasy” на Канје Вест, ,,критички најпризнатиот албум на годината, запис кој ја дефинираше неговата кариера”, игнориран за да се номинираат помалку значителни албуми. Робертс ги критикуваше Греми наградите за дека се ,,заглавени во минатото” и дека немаат допир со ,,новата медиа” и трендови помеѓу слушателите на музика, како што е споделувањето на музика, изјавувајќи:
Главните номинации за 54-тите годишни награди, јасно покажуваат дека Академијата за запис на звук работела прекувремено за да биде сеопфатено, но уште поважно, тие исто така откриваат длабока бездна помеѓу нивните цели и земањето во предвид на навиките на најголем дела од популацијата. [...] И кога некој би ја мерел виталноста на американската музика преку критериумите на Греми номинациите за Песна на годината или Запис на годината, би си помислил дека не е слаба само еконимијата. [...] Фокусот сеуште е на стариот музичко-индустриски модел на ,, cash-cow” хитовите, големи етикирани инвестиции и комерцијално радио. [...] Враќајќи се назад во времето ова не е ништо ново за Греми наградите, но откако еднаш ќе го изгубат видикот за уметност, што прави музиката да лебди, тие не само што ќе бидат ирелевантни, туку и ќе пропаднат.
-Рендал Робертс
Во една статија за Time, новинарот Туре исто така реагираше на игнорирањето и го изрази неговото општо незадоволство за овие награди, изјавувајќи:,,Јас не би можел да ги разберам Греми наградите. Никогаш не сум можел да најдам согласна логика за тоа кој е номиниран или кој добива награди. Ја разбирам посебната логика на Оскарите, но не и големите награди за музика. Моето нормално мислење за збунетоста наоколу за тоа како се донесуваат одлуките за Греми наградите се промени оваа недела, откако , на изненадување на сите, ремек-делото на Канје ,, My Beautiful Dark Twisted Fantasy” не беше номиниран за Греми за Албум на годината.” Тој го споредуваше сфаќањето на Греми наградите за Кримлинологијата и коментираше за исклучувањето на ,,позрели” хип хоп албуми во номинирањето за Албум на годината од страна на Академијата за запис на звук, потенцирајќи дека наместо тоа е почеста опцијата да се номинираат ,,поп-пријателски” хип хоп албуми.
Во една статија за The New York Times после 53-тите Греми награди, фронтменот на индискиот бенд Bon Iver, Џастин Вернон беше запрашан за негово мислење за Греми наградите и како тој би реагирал на номинација за неговата група, на што тој одговори:
Па видете, размислував за тоа пред неколку месеци, некој ме праша а јас одговорив ,,Да, би одел” – а не мислам дека записот на Бон Ајвер е таков вид што би добил номинација за Греми - ,,Би се качил таму горе и би рекол, ,, Ова е за моите родители бидејќи тие ме подржуваат”, бидејќи знам дека тие би мислеле дека е глупаво од моја старана да не отидам. Но, некако се чувтвувам да отидам и да речам ,,Сите треба да си одат дома, ова е смешно. Не би требло да го правите ова. Не би требало да се собираме во една голема соба, да се гледаме измеѓу себе и да се преправаме дека ова е важно.” Ете тоа би го рекол.
Тој присуствуваше на наградите и ја потврди оваа изјава, велејќи:
За деведесет и осум проценти од луѓето во таа просторија нивната уметност е компромитирана од фактот што тиа размислуваат и се надеваат дека ќе ја добијат наградата. А од кој е доделена наградата? Тие буквално мислат дека им е предадена од боговите на музичката историја. А јас не знам кои се гласачите. Тоа е како, јас имам пријател кој е гласач, кој вели ,, Морам да бидам гласач бидејќи не им верувам на другите гласачи” А јас да речам ..И јас исто!” Всушност не е важно, а луѓе поминуваат премногу време размислувајќи за тоа.
-Џастин Вернон
Подоцна, Бон Ајвер доби четири номинации во ноември за 54-тити Греми награди. Откако ја освоија наградата, кога ја примаше наградата Вернон рече: ,,Навистина е тешко да се прифати оваа награда. Има толку многу талент овде, [...] а има и многу талент кој не е присутен овде вецерва. Исто така е тешко да се прифати бидејќи, знаете, кога почнав да правам песни, го направив тоа за награда за правење песни, па затоа малку ми е непријатно овде”.
Во неговата статија "Everything Is Praised Again", Џон Караманика од The New York Times ги критикуваше гласачите на Греми наградите за тоа што се ,,конзервативни” и што ја занемеруваат ..прогресивната” музика и за 54-тите Греми награди напиша: ,,По не знам кој пат Греми наградите ризикуваат со фамилијарноста, доделувајќи ја наградата за Албум на годината (и уште неколку други) на албуми кои ги зајакнуваат вредностите на сомнителните промени на старата генерација. Тој ги наведе Греми успесите на ,,The Miseducation” (1999) на Лорин Хил, ,, Come Away with Me”(2003) на Нора Џонс и ,,21”(2011) на Адел како пример за дека ,, Греми наградите фрлаат премногу нагаради на млада пејачка- композитор и на нејзиниот дебитантски албум.” За отсуството на Канје Вест од церемонијата Караманика изјави: ,, Тој воопшто не си ни мачеше да дојде на емитувањето, што беше сосема во ред, бидејќи хип хопот беше речиси целосно потценет.
Во една статија за The Huffington Post, музичкиот директор и автор Стив Стут, ги критикуваше Академијата за запис на звук и Греми наградите за тоа што ,,изгубиле допир со современата популарна култура” и наведе две главни причини за тоа: ,,(1) преголема желба да се направи популарно шоу кое е во судир со сопствениот систем на гласање и (2) основно непочитување на културните промени кои се прифатливи и уметнички.” Стут ги обвини за игнорирање на уметници со поголемо културно влијание, наведувајќи одредени загуби од критичниот и комерцијалниот успех на ,,The Marshall Mathers LP” (2000) на Еминем и ,, Graduation” (2007) на Канје Вест во категоријата за Албум на годината и изјави:
Како институција која ги слави уметничките дела на музичарите, пејачите, композиторите, продуцентите и техничките специјалисти, ние очекуваме дека Греми наградите ќе ги потврдат вредностите на најдобрите во музиката кои се родени во нашата култура. За жал, шоуто за награди стана серија од хипокризи и противречности, оставајќи ме да се прашувам зошто воопшто некој современ популарен уметник би учествувал. [...] Иако не се сомневам до уметничките способности на Стили Дан или Хенри Хенкок, мора да го признаеме големото културно влијание на Еминем и Канје Вест и како нивната музика го формира, влијае и дефинира гласот на генерацијата. Тоа е истото културно влијание кое го призна комерцијалниот и критичкиот успех на ,,Thriller” на Мајкл Џексон во 1984 година.
-Стив Стут
ТВ емитување и гледаност
Пред првото емитување во живо на телевизија на Греми наградите во 1971 година на американската компанија за радиодифузија (Еј-Би-Си), серија од снимено годишни специјални емисии од 1960-тите наречени Најдобри во запис, беа емитувани на националната компанија за радиодифузија (Ен-Би-Си). Првото емитување на телевизија на Греми наградите беше вечерта на 29ти ноември во 1959 година, како епизода од антологиската серија Sunday Showcase на Ен-Б-и-Си, која што беше вообичаено поделена на претстави, оригинални ТВ драми и различни емисии. До 1971 година, наградите се одржуваа и во Њујорк и во Лос Анџелес, со тоа што победниците ја примаа наградата на едно од двете места. Пјер Касет ги откупи правата за емитување на церемонијата од Националната академија за запис на звук на науките и уметностите и го организираше првото емитување во живо на телевизија. Радиодифузерот Си-Би-Ес ги откупи правата во 1973 година, откако церемонијата беше преместена во Нешвил, Тенеси; Како резултат на тоа, за Еј-Би-Си беа создадени Американските музички награди (од страна на Дик Кларк).
На 21 јуни во 2011 година, Академијата за запис на звук соопшти дека склучила нов договор со Си-Би-Ес за да продолжат да го емитуваат шоуто во наредните десе години. Си-Би-Ес номинации на 30 ноември 2011 година. Греми наградите се емитуваа на 12 февруари 2012 година. Во 2011 година, шоуто на Греми наградите имааше 26,6 милиони гледачи.
|