Разлика помеѓу преработките на „These Are the Days of Our Lives“

с
с
 
== Видео запис ==
Поради крајната фаза од битката со [[сидаСИДА]]-та, пропратното видео било последно во кое се појавил [[Фреди Меркјури]]. Повеќето од снимките искористени во видеото се снимени од Руди Долезал и Ханс Росакер од продукцијата ДоРо на 30 мај 1991 година. За снимање на промотивното видео, Меркјури, Тејлор и [[Џон Дикон]] биле присутни, додека додатни снимки од гитаристот [[Брајан Меј]] биле направени неколку недели подоцна и додадени на оригиналната снимка, бидејќи Меј бил на радио промотивна турнеја во времето кога се снимало основното видео.
 
Спотот бил снимен во црно-бела техника со цел да се сокрие во целост кревката состојба на Меркјури од сидата, по гласините за неговата здравствена состојба која била во центарот на многу медиуми и јавни шпекулации повеќе од една година, почнувајќи од неговото појавување во видеото за песната „[[I'm Going Slightly Mad]]“ претходно во 1991 година.
93

уредувања