Марија Медичи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Тиверополник ја премести страницата Марија медичи на Марија Медичи
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Марија де Медичи''' ([[француски]]: ''Marie de Médicis'', {{роден на|26 |април |1575}} г. {{починал на|4 |јули |1642 г.}}) била [[кралица на Франција]] и втора жена на кралот [[ХенриАнри IV од Франција]] кој потекнувал од [[династијата Бурбони]]. Таа била член на богатата и моќна [[династија Медичи]]. По убистото на нејзиниот сопруг во 1610 година, коешто се случило веднаш по нејзинито [[крунисување]], таа ја презела улогата на владетел на местото на нејзиниот малолетен син, кралот [[Луј XIII од Франција]]. Била позната по нејзините постојани политички интриги во судот на Франција и по нејзиното обемно уметничко покровителство.
==Ран живот==
Родена во [[Фиренца]], Италија, во [[палатата Пити]] на 26 април, Марија била шеста ќерка на [[Големиот војвода од Тоскана, Франческо I]] и [[Јоана, надвојвотката од Австрија]], ќерка на [[Фердинанд I, царот на Светото Римско Царство]] и [[Ана од Боемија и Унгарија]]. Само Марија и нејзината сестра [[Елеанора]] преживеале до полнолетство.
Еден портерт на Марија како млада девојка покажува дека била убава девојка со вообичаени карактеристики и големо чело. Имала долга, брановидна, кафеанава коса, кафени очи и светла кожа. Сликарот бил од училиштето на италијанскиот сликар [[Санти ди Тито]].
==Кралица на Франција==
Во октомври, 1600 година, Марија се омажила за [[ХенриАнри IV од Франција]], веднаш по поништувањето на неговиот брак со [[Маргарет од Валоа]]. Нивната свадбена церемонија се одржала во Лион, Франција на која присуствале 4.000 гости проследена со раскошна забава и нови [[оперски жанрови]], како на пример операта [[Евридика]] од [[Џакопо Пери]].
Таа понесла со себе 600.000 круни како дел од нејнизиот мираз. Следната година во [[Фонтенбло]] се родил [[Луј XIII]], нејзиниот најстар син и иден крал.
Бракот се покажал како неуспешен. Кралицата постојано се расправала со една од омилените љубовниците на нејзиниот сопруг, [[Катерина Хенриет де Балзак]], на која тој ѝ ветил дека ќе се омажи со неа веднаш по смртта на поранешната „официјална љубовница“ [[Габриел де Естре]]. Кога ХенриАнри IX не го исполнил своето ветување и наместо со неа се оженил со Марија, сето тоа резултирало со постојани расправии и политички интриги зад грб. Иако кралот можел да ги протера љубовниците и да ја поддржи својата кралица, тој никогаш не го сторил тоа.
Марија, пак, се сожалила и ја поддржала неговата поранешна жена [[Маргарет од Валоа]], убедувајќи го ХенриАнри да ја врати во царството.
На 13 мај 1610 година, Марија била [[крунисана за кралица на Франција]], ден пред смртта на нејзиниот маж. Неколку часови по смртта на ХенриАнри, парламентот во Париз ја потврдил нејзината титула. Таа веднаш ја протерала љубовницата Катерина Хенриет де Балзак од дворецот.
===Уметничко покровителство===
Изградбата и опремувањето на [[дворецот во Луксембург]], кој таа го нарекувала „Палата Медичи“, претставувал нејзин најголем уметнички проект за време на нејзиното владеење. Го купила плацот во 1916 година, а изградбата почнала во 1615 година, од страна на архитектот [[Саломон де Брос]]. Нејзиниот дворски сликар бил [[Петар Пол Рубенс]]. [[Илија Монталто]] бил нејзиниот лекар во Италија.
==Политика==
Сè додека нејзиниот сопруг бил жив, Марија не покажала некоја значителна политичка умешност, но и по преземањето на власта нејзините способности едвај се подобриле. Крајно тврдоглава и со ограничена интелегенција, за краток период целосно подпаднала под влијание на нејзината слугинка [[Леонора „Галигаи“ Дори]] која ковала завера со нејзиниот бескрупулозен сопруг, [[Кончино Кончини]], кој инаку имал италјанско потекло и бил назначен за [[маршал на Франција]] иако никогаш не учествувал во некоја битка.
Кончини го отпуштил [[војводата од Сили]], талентиран министер на ХенриАнри IV и италијанските претставници од [[Римокатоличката црква]] се надевале, преку нивнотото влијание да го забрзат задушувањето на [[протестантизмот]] во Франција. Марија, која имала потекло од Хабсбург, ја напуштила традиционалтната анти-Хабсбуршка надворешна политика во Франција. Планирајќи го бракот на нејзината ќерка [[Елизабета]] со идниот [[Филип IV од Шпанија]], ја изразила својата поддршка кон Хабсбург.
Како резултат на на пропустливите и каприциозни наредби на кралицата, [[прицевите со „сина“ крв]] и големите аристократи во кралството покажале револт. Кралицата, премногу слаба да го наметне нејзиното влијание, се согласила да ги поткупи на 15 мај 1614 година. Опозицијата била предводена од [[Хенри де Бурбон]], ја принудил Марија во 1614 и 1615 година да го свика [[Генералниот Штаб]] (англиски: ''Estates Generals'') кој за последен пат ќе се состане во Франција сè до почетните настани на [[Француската револуција]].
Во 1616 година владеењето на Марија било зајакнато благодарение на советите од [[Арман Жан ди Плеси]] ( подоцна [[кардинал Ришелје]]) кој доста се истакнал за време на состаноците на Генерланиот Штаб. Сепак, синот на кралицата, веќе неколку години во полнолетство, ја презел власта наредната година. Тој ја поништил хабсбуршката и шпанската странска полиса кои ги спровела неговата мајка, наредил Кончини да биде убиен, ја протерал кралицата во [[замокот во Блоа]] и го назначил Ришелје за негов бискуп.
Ред 24:
Посетата го инспирирала [[Каспар Балеус]] да ја напише „Гостинот Медичи“ (1638 година). Ја посетила Англија во 1638 година, на пат од Лондон престојувала во [[Гидеа Хол]]. Починала во [[Келн]] во 1642 година, каде доста престојувала, осмислувајќи нови интриги против Ришелје до самиот крај.
Била закопана во базиликата [[Св. Денис]] во северен Париз. [[Оноре де Балзак]] го концизирал негативното гледиште на генерацијата на идеалистите:
„ Марија де Медичи чии дела беа штетни за Франција, го избегна срамот кој можеше да го зацрни нејзиното име. Неразумно го потроши богатсвото стекнато од ХенриАнри IV, никогаш не се заинтересира да го разоткрие случајот за убиството на кралот, нејзин интимен пријател беше војсководецот [[Жан Луј де Ногарет де ла Валет]], кој не успеа да се одбрани од ударот на Равалјак и за кого се докажа дека долго време знаел кој е убиецот. Однесувањето на Марија предизвика да биде протерана од Франција од страна на нејзиниот син Луј XIII со што го охрабри другиот син Гастон да возврати, за на крај Ришелје да ја порази (на „Денот на поразените“), благодарение на истражувањето кое го направи и му принесе на Луј XIII тајни документи поврзани со смртта на ХенриАнри IV.“ – Есеј Катерина де Медичи.
==Потомци==
{| class="wikitable"
Ред 36:
|[[Кристина, војвотка од Савоја]]|| 12 февруари 1606 г.|| 27 декември 1663 г.|| Се омажила со [[Виктор Амадеус I, војсководец од Савоја]] (1587 г.–1637 г.) во 1619 г. Имале потомок.
|-
|[[Николас ХенриАнри, војсководец од Орлеан]]|| 25 Април1607 г.|| 17 ноември 1611 г.|| Млад починал.
|-
|[[Гастон, војсководец од Орлеан]]|| 25 април 1608 г.|| 2 февруари 1660 г.|| Прв брак со [[Марија де Бурбон]] (1605 г.–1627 г.) во 1626 г. Имале потомок. Втор брак со [[Маргарита од Лорен]](1615 г.–1672 г.) во 1632 г. Имале потомок.