Брајан Меј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 3 промени во текстот (од Оља) и вратена ревизијата 3102641 на Вик Ретлхед
Оља (разговор | придонеси)
Ред 51:
Меј работел со неговата втора жена Анита Добсон на нејзиниот прв албум на кој таа ги пее вокалите на мелодијата во темата на EastEnders. Во оваа форма, мелодијата преминала во песната „Anyone Can Fall in Love“. Меј сам ја продуцирал песната која достигнала местото број четири на сингл листата на Велика Британија во август, 1986 година. Во 1989 година Меј придонел со гитарските сола за песната „When Death Calls“ на 14-тиот албум на [[Блек Сабат]], ''Headless Cross'' и за песната „Blow The House Down“ на бендот Living In A Box од албумот ''[[Gatecrashing]]''.
 
{{Цитат|''По трагичното распаѓање на било кој бенд , невозможно е да се продолжи но навистина ми беше мило што Брајан започна соло кариера. Тој има толку музика во него и многу повеќе да понуди'' - Џо Сатриани.}}
 
По смртта на [[Фреди Меркјури]] во ноември 1991 година, Меј одлучил да се справи со својата тага со тоа што се посветил колку што може повеќе на работата, најпрво со завршување на својот соло албум ''Back to the Light'' а потоа и со турнеи низ целиот свет за негово промовирање. Тој често потенцирал во новинарските интервјуа дека ова била единствената форма на само-препишана терапија која би можел да ја замисли. Според Џо Елиот, пејачот на [[Деф Лепард]], „несомнено е огромен и ужасен удар да изгубиш некој со кој си бил толку близок. Лично, знам дека тоа му го скрши срцето на Брајан, но тој изгледаше одлично откако албумот беше завршен.“