Хепатит А: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Wim b (разговор | придонеси)
Откажано уредувањето 3102602 на уредникот 46.217.8.211 (разговор) copyvio from http://www.nvohepta.mk/HepatitisA.aspx?l=63
Ред 65:
*'''мирување'''-болните треба да мируваат за цело време во акутната фаза на болеста, односно првите четири седмици. Тоа е период во кој што завршува некрозата на хепатоцитите во исто време се одвива регенерацијата. Со мирувањето се зголемува циркулацијата на крв во хепарот до 30%, потрошувачката на гликоген се намалува и се насочува кон анаболичките регенеративни процеси во хепарот. Во фазата на рековалесценција болните можат да се движат, но не смеат да се заморуваат. Отсуството од работа кај акутните вирусни хепатитиси трае, се додека не се нормализира трансаминазната активност и изнесува 30- 60 дена.
*'''исхрана'''-во предиктеричниот стадиум, кај болните се јавува анорексија(намален апетит). Треба да дава лесно сварлива храна со јаглехидрати: сокови, мед, млеко, кисело млеко, јогурт, младо сирење, пилешко месо, свежа [[риба]], тестенини, леб, ориз, гриз. А забрането е да се конзумира: сувомеснти производи, свинско месо, мрсни чорби, колбаси, кајмак, ореви, бадеми и друга високо калорична храна и аклохол.
 
==Мерки на превенција==
За профилакса на вирусната инфекција на хепатитис А се користат општи и специфични мерки. Општите мерки се: Хигиенски исправна вода за пиење; Лична хигиена; Хигиенска диспозиција на отпадни материи; Заштита на прехранбените продукти од загадување; Рутински санитарно-хигиенски контроли;
 
Специфични мерки кои се користат се: Примена на имуноглобулини во случај на епидемии во предшколските станови и при постоење на медицински индикации (кај трудници, пациенти со имуносупримирачки заболувања, пациенти под црнодробна имуносупресија и други), при што се ублажуваaт симптомите на болеста, но не го спречува ширењето на инфекцијата; Вакцинопрофилакса, се користaт инактивирани вируси. Нејзината примена се препорачува кај: лица кои патуваат во ендемски подрачја; одредени лица под ризик (хемофиличари, поли-трансфундирани, интравенски наркомани, лица кои практикуваат хомосексуални односи); професионално експонирани лица; штитеници на установи за хендикепирани, установи за ментално ретардирани лица стари лица или сиропиталишта; комунални работници; Првата доза на вакцина е следена со ревакцинација по 6 до 12 месеци. На овој начин аплицирана, вакцината кај 95% од случаите дава заштита која трае најмалку 10 години.
 
==Наводи==
==Надворешни врски==