Мрежен разводник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 46.217.46.86 (разговор), вратено на последната верзија на Defender
Ред 1:
[[Image:4 port netgear ethernet hub.jpg|thumb|300px|Етернетски разводник со четири порти]]
'''Мрежниот разводник''', '''активен разводник''', '''етернетски разводник''', '''повторувачки разводник''' или само '''разводник''' ([[англ.]] ''Ethernet/active/network/repeater/multiport hub'') е уред кој се користи за поврзување на повеќе [[етернет]]ски уреди заедно во еден мрежен сегмент, користејќи телефонски кабли или [[Оптички кабел|оптички кабли]]. Разводникот работи на физичкиот слој (1 ниво) од [[OSI модел]]от. Разводникот е втореден вид на повеќепортен повторувач. Повторувачките разводници исто така учествуваат во откривањето на судири, па доколку се открие судир, разводникот праќа сигнал на заплетување до сите негови порти.
 
Разводниците најчесто доаѓаат со "BNC" и/или "Attachment Unit Interface" (AUI) приклучоци за да се овозможи поврзување со [[10BASE2]] или [[10BASE5]] мрежни сегменти. Достапноста на евтините [[Мрежен преклопник | мрежни преклопници]] ги отфрли од употреба разводниците, но тие сеуште може да се видат во постари мрежни инсталациии и во повеќе специјализирани апликации.
 
==Технички информации==
Мрежниот разводник е прилично несофистициран емитувачки уред уред. Разводникот не раководат со сообраќајот кој поминува низ нив, така што секој пакет што влегува во некоја од портите се регенерира и се препраќа надвор до сите останати порти. Бидејќи секој пакет се испраќа преку сите други останати порти, судирите со пакети во голема мера го отежнуваат протокот на сообраќај.
 
Потребата за хостовите да можат да откријат судири, го ограничува бројот на разводници и воедно и на вкупната големина на мрежата изградена со користење на разводници, додека пак преклопниците ги немаат овие ограничувања. За мрежи од 10 [[Мбит/с]] изградени со користење на повторувачки разводници, треба да се внимава на правилото „5-4-3“: до 5 сегменти, 4 разводници се дозволени помеѓу било кои две крајни станици. За мрежи од 100 [[Мбит/с]], границата е намалена на 3 сегменти, односно 2 разводника помеѓу било кои две крајни станици. Некои разводници од производителот имаат специфични порти, што им овозможува да се комбинираат на начин на кој се овозможува користење на повеќе разводници, отколку едноставно поврзувањето преку етернетски кабли, но дури и така, за голема [[брз етернет|брза етернетска]] мрежа подобро решение ќе биде со користење на преклопници за да се избегне границата на поврзани разводници.