Разлика помеѓу преработките на „Crazy Little Thing Called Love“

Додадени 7.500 бајти ,  пред 7 години
превод
(превод)
{{бб}}
{{Infobox single
| Name = Crazy Little Thing Called Love
| Next single = "[[Save Me (Queen song)|Save Me]]"<br>(1980)
}}
 
"Crazy Little Thing Called Love" е песна на рок групата Квин. Песната ја напишал Фреди Меркјури во 1979 година и се наоѓа на нивниот албум The Game во 1980 година и исто така се појавува на компилацискиот албум на бендот, Greatest Hits. Песната го достигнала второто место на табелата на синглови во Велика Британија во 1979 година и станала број еден хит на Billboard Hot 100 во САД на 23 февруари 1980 годиа, задржувајќи се таму непрекинато четири недели. Таа била на врвот на табелата на Australian ARIA седум недели.
Бидејќи ја компонирал "Crazy Little Thing Called Love" на гитара, Меркјури додека настапувал во живо свирел ритам гитара, што било прв пат да свири гитара на коцерт. Квин ја свиреле песната во живо меѓу 1979 и 1986 година, а изведба на песната во живо е снимена на албумите Queen Rock Montreal и Queen at Wembley. Откако била издадена песната била преработувана од голем број артисти. Песната била отсвирена во живо на 20 април 1992 година за време на концертот во чест на Фреди Меркјури, изведена од Роберт Плант заедно со Квин. Стилот на песната бил опишан од авторот Карл Корјат како рокабили во неговата книга насловена како The Bass Player Book во 1999 година.
 
Композиција
Како што Фреди Меркјури соопштил во весникот Melody Maker на 2 мај 1981 година, тој ја компонирал "Crazy Little Thing Called Love" на гитара за пет до десет минути.
„'Crazy Little Thing Called Love' ми одзема пет до десет минути. Го сторив тоа на гитарата, на која незнам баш добро да свирам, но тоа се покажа како добра работа бидејќи бев ограничен, знаејќи само неколку акорди. Тоа е добра стега бидејќи едоставно морав да пишувам во тесни рамки. Неможев да користам премногу акорди и поради тоа ограничување напишав добра песна, мислам“
Фреди Меркјури
 
Песната била напишана во чест на Елвис Присли од страна на Меркјури. Тапанарот на Квин, Роџер Тејлор во едно интервју, додал дека Меркјури ја напишал за десет минути додека се излежувал во бањата во хотелот Баернрихтчер Хоф во Минхен за време на една од нивните долги минхенски снимања.
Набргу откако ја напишал, Меркјури ја однел во студиото и им ја пуштил на Роџер Тејлор и Џон Дикон. Тројцата заедно со нивниот продуцент Мек ја снимиле во музичкото студио во Минхен. Целата песна наводно била снимена за помалку од половина час (иако Мек вели дека биле шест часа).
Бидејќи Меркјури "Crazy Little Thing Called Love“ ја напишал на гитара и бидејќи ја свирел ритам гитарата на снимката, за прв пат дотогаш свирел на гитара и на концерти, како на пример на Лајв Еид концертот на Вембли Стадионот во Лондон во 1985 година.
 
 
Музички видео
Музичкото видео за песната било снимено во Септември 1979 година во Трилион Студиос во режија на Денис Де Валанс кое вклучувало четири танчерки и „под од раце“. Променета верзија од оригиналот вклучувала други агли, сцени на отворено и снимки зад сцената била искористена на Days Of Our Lives ДВД-то и Блу-реј изданијата.
 
Personnel
 
Фреди Меркјури – главен вокал , ритам гитара, придружен вокал, плескање со раце
Брајан Меј – главна гитара, плескање со раце
Џон Дикон – бас гитара, плескање со раце
Роџер Тејлор – тапани, придружен вокал, плескање со раце
Иако Меркјури свирел дванесет-жичана електрична гитара на бина (а подоцна и шест-жичана електрична гитара), во студио тој снимал со шест-жичана акустична гитара со надворешни микрофони. Фреди Меркјури го отсвирел оригиналното гитарско соло на верзијата која се изгубила.
Издавање на песната
Песната "Crazy Little Thing Called Love" го достигнала второто место на Британската табела за синглови во 1979 година и станала првиот број еден хит на бендот во САД задржувајќи се на врвот на Билборд Хот 100 четири недели. Песната исто така била и на врвот на листите на австралиската АРИА непрекинати седум недели од 1 Март до 12 Април 1980 година.
Некои копии содржат и Б-страна со песната „Spread Your Wings“ во живо.
 
 
 
Верзијата на Двајт Јоакам
Американскиот пејач на кантри музика Двајт Јоакам вклучил преработка на песната на неговиот албум од 1999 година Last Chance for a Thousand Years: Dwight Yoakam's Greatest Hits from the 90's. Преработката на Јоакам била издадена како сингл завршувајќи на 12-тото место на табелата за синглови во САД во 1999 година. Во времето на издавање на албумот, таа била искористена за телевизиска реклама за продавницата за облека ГАП. Музичкото видео било режирано од Јоакам.
93

уредувања