Филателија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Појавата на поштенските услуги создала проблем, кој постоел неколку децении - за тоа кој треба да ја плати поштарината помеѓу испраќачот или примачот.
 
Решенијата биле различни во различни земји, но доминирал обичајот примачот да плати за доставената пратка. Сепак, едно прашање останало неодговорено, а тоа бил случајот кога примачот ќе одбие да плати. Биле направени многу обиди да се најде решение што ќе гарантира дека Поштата ќе ја наплати својата такса за направената услуга. Во Франција, сопственикот на една мала пошта, Де Валајер, во 1653 година на своите муштерии им нудел мали парченца хартија на кои било испишано „потврда за платен превоз“. Сепак, дури во [[1840]] г. е воведена лепливата марка како потврда за однапред платена поштарина. Оваа марка се нарекува „[[Црно пени]]“ (англ. ''Penny Black''). Британската пошта прва ја донесла одлуката за печатење и за продажба на поштенски марки. А набрзо овој метод на плаќање поштарина го прифатиле и другите земји.
 
Со појавата на поштенските марки се создала и нова страст кон нивното собирање и проучување - филателијата.