Разлика помеѓу преработките на „Валкан танц“

Додадени 9 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
===Улоги===
Режисерот Ардолино бил непопустлив да се одберат танчери кои знаат и да глумат, и не сакал да го користи „стенд-ин“ методот, кој бил користен во филмот Флешденс од 1983. За главната женска улога на Френсис „Бејби“ Хаусман, Бергстајн ја одбрала 26 годишната Џенифер Греј, ќерка на актерот и танчерот Џоел Греј, добитник на Оскар за филмот Кабаре од 1972 година, која исто како и татко и била обучена танчерка. Потоа тие барале машка главна улога, првенствено размислувајќи за 20 годишниот Били Зејн, кој го имал саканиот визуелен изглед (првенствено карактерот на Џони требало да биде Италијанец и да има темен егзотичен изглед), но почетните танцувачки тестови кога играл со Греј како партнер не ги исполниле очекувањата. Следен избор бил 34 годишниот Патрик Свејзи, кој бил забележан по неговите улоги во The Outsiders и Red Dawn, во кој глуми покрај Греј. Тој бил сезонски танчер со искуство од балетот Џофри. Продуцентите биле одушевени од него, но неговиот агент бил против таа идеја. Сепак, тој го прочитал сценариото, му се допаднал повеќеслојниот лик на Џони и ја прифатил улогата и Џони бил сменет од Италијанец во Ирец. Греј не била среќна од изборот, бидејки таа и Свејзи тешко се сложувале во [[Red Dawn]], но кога го извеле танцот на аудицијата, хемијата помеѓу нив била очигледна. БергстајнБергсштајн ја опишува како „неверојатна“.
 
Другите одлуки за улоги биле Бродвејскиот актер Џери Орбах како Др. Џејк Хаусман, татко на Бејби; и Џејн Брукер како Лиза Хаусман, нејзината постара сестра. БергстајнБергштајн пробала да и даде улога на нејзината пријателка, секс терапевтот, Др. Рут Вестхајмер и да ја игра Г-ѓа Шумахер, и Џоел Греј како нејзин сопруг. Но, Вестхајмер се повлекла откако дознала дека дека нејзината улога вклучува и крадење. Улогата и се доделила на 79 годишната Паола Труман, а Греј не бил избран. Друга улога оди кај "Cousin Brucie", радио лице од Њу Јорк и пријател на Бергстајн. Таа првенствено сакала тој да ја игра улогата на социјалниот директор, но подоцна го замолува да ја игра улогата на магионичарот. Улогата на социјалниот директор оди кај тогаш непознатиот Вејн Најт (подоцна познат по шоуата Сајнфелд и Третиот камен од сонцето). Улогата на мајката на бејби првенствено била доделена на Лин Липтон, која се појавува на кратко во почетокот на филмот кога фамилијата Хаусман се паркира во Келерман Хотелот (таа е на предното седиште неколку секунди; нејзината плава коса е единствен доказ). Се разболува првата недела од снимањето и е заменета со актерката Кели Бишоп, која веќе била избрана да ја глуми Вивиан Пресман, сексуално загреаната гостинка во одморалиштето. Бишоп ја превзела улогата на Г-ѓа Хаусман, а аситентката на кореографијата на филмот, Миранда Герисон ја зела улогата на Вивиан.
 
 
===Пост-продукција===
Снимањето завршува навремено и во рамки на буџетот на 27 Октомври 1986 година. На никој од тимот не му се допаднало како бил склопен филмот, директорите на Вестром биле убедени дека филмот ќе биде неуспешен. Триесет и девет проценти од луѓето кои го гледале филмот не сфатиле дека абортусот е под-заплет. Во Мај 1987 година, филмот му бил прикажан на продуцентот Арон Русо. Според директорот на Вестрон, Мичел Канолд, реакцијата на Русо на крајот на филмот била, „ Изгорете го негативот, и соберете го осигурувањето“.
 
Дополнителни спорови се појавиле околу прашањето дали би се нашол некој корпоративен спонзор за да се промовира филмот. На трговците од Клирасил продуктите за акни им се допаднал филмот, кои на филмот гледале како средство за да допрат до помладата публика. Сепак, кога дознале дека филмот содржи сцена со абортус, побарале тој дел од заплетот да се отфрли. Бергстајн одбила и промовирањето на Клирасил отпаднало. На крајот, Вестрон самите го промовирале филмот и ја закажале премиерата за 16 Август 1987 година. Директорите на Вестрон испланирале филмот да го пласираат во кината за викенд, а потоа да го пратат директно како домашно видео, бидејки Вестрон пред филмската продукција бил во бизнисот со видео дистрибуција. Земајќи во предвид на колку многу луѓе не им се допаднал филмот до тој момент, продуцентката Готлиб се присеќава на нејзините размислувања дека „ Би била благодарна ако после премиерата на филмот луѓето не ми се дерат“.
 
==Наследство==
Џенифер Греј прави операција на носот во раните 90-ти, која го сменила нејзиниот нос и го направила нејзиното лице речиси непрепознатливо од нејзиниот карактер на „Бејби“. Се до ден денес, таа не може да најде улога која може да се мери со успехот која таа го постигнала во Валкан Ванц.
 
Што се однесува до студиото, и покрај големиот финансиски успех на филмот, Вестрон е проследен од серии падови и банкротирање. Матичната компанија на Вестрон Вестрон Инк. банкротирала во 1990 година, и е купена во јануари 1991 година од Артисан Ентертејмент за 26 милиони долари.
Правата на Валкан танц сега ги задржува Лајонс Гејт Ентертејмент која го купила Лајв Ентертејмент (од тогаш наречената Артисан Ентертејмент) во 2004 година.
 
Џери Орбак, веќе познат како успешен бродвејски актер, продолжил во различни жанрови. Тој го позајмил гласот на свеќарникот „Лумиер” во анимираниот филм на Дизни во 1991 година, Убавицата и Зверот пред да ја прифати неговата најпозната улога, детективот Лени Бриско во ТВ драмата „Закон и Ред“, во која тој глумеше од 1992 се до неговата смрт во 2004 година.
93

уредувања