Народна музика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
Според содржината и кореографијата нашите народни игри и песни можат да бидат [[обредни]] и [[световни]]. Од обредните игри ќе ги наброиме: [[додолските]], [[коледарските]], [[русалиските]] и др. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: [[борбените]], [[свадбарските]], [[жетварските]], [[хумористичните]], [[љубовните]] и др. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето.
 
Македонските [[Македонски ора|народни игри]] имаат свои карактеристики кои се манифестираат во разнообразието и богатството на движењата и ставовите во играњето. Мелодијата во нашите народни игри се темели врз куса, ритмички впечатлива и изразена музичка основа, наменета за играње. Во нив се застапени два вида тактови: прости, дводелни и триделни (2/4, 3/4 или 2/8, 3/8 и др.) и сложени. Сложените можат да бидат еднакво сложени, составени од два истоимени прости такта ( 2 + 2/4 = 4/4 или 3 + 3/4 = 6/4) или мешано сложени, составени од два различни прости такта (2 + 3/8 = 5/8 или 3 +2 + 2/8 = 7/8).
 
Македонските неродни песни претставуваат непресушен извор на инспирација за нашите композитори. Голем број нивни дела се базираат врз мелоритмичките карактеристики на народните игри