Разлика помеѓу преработките на „Мирка Гинова“

Додаден 1 бајт ,  пред 7 години
с (Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12286902)
По капитулацијата на [[Германија]] во [[1945]] година, радоста на населението во Егејска Македонија не траела долго. По ослободувањето на Грција, новата власт започнала да ги прогонува членовите на отпорот. Членовите на [[ЕЛАС]] биле масовно беа апсени, затварани и подложени на невидена тортура, а особено македонското население во Егејска Македонија било подложено на репресалии. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на [[Тајна ослободителна македонска организација|Тајната ослободителна македонска организација]] (ТОМО) и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народнослободителниот фронт.
 
На [[6 јули]] 1946 година, во местото Долга Ливада на планината [[Почеп]], во близината на [[Воден]], Мирка Гинова формирала мал партизански одред.<ref>[http://novazora.gr/arhivi/390 Мирка Гинова-Μίρκα Γκίνοβα (1916-1946), ''Нова зора'', 2 јуни 2010.]</ref> Набрзо, во една акција на 400 грчки жандарми и војници, одредот бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, Мирка Гинова, заедно со шестмината свои другари, била заробена. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и, со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат. Потоа, започнало ужасно мачење во кое Мирка Гинова била тепана со дрвени колци, кундаци и метална жица, под ноктите ѝ забивале шајки, а низ телото ѝ спроведувале струја. Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава.<ref>[http://www.pollitecon.com/html/freedom_fighters/Mirka_Ginova.htm ''Pollitecon Publication'']</ref> Потоа, Мирка Гинова и шесте нејзини другари биле спроведени во [[Ениџе-Вардар]]. На судењето кое се одржало во градското училиште на [[25 јули]] [[1946]] година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Мирка Гинова била стрелана на [[27 јули]] [[1946]] година. Покрај неа, биле стрелани и: Ристо Стојанов (45), Томе Мијангов (55), Георги Проев (25), Петре Поп Димитров (35), Димитар Лимбов (40) и Горгиос Муцакис - Алеко.<ref>[http://documents-mk.blogspot.com/2011/05/blog-post.html Мирка Гинова - Биографија, ''Macedonian Documents'', 1 мај 2011.]</ref> За време на судењето, таа ја покажала сета своја храброст. Иако свесна за последиците, пред судот во своја одбрана изјавила:
 
"Mакедонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците ... и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”
Анонимен корисник