Разлика помеѓу преработките на „Минхаузенов синдром“

Додадени 566 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
MeshID = D009110 |
}}
[[Податотека:Dore-munchausen-illustration.jpg|мини|десно|[[Барон Минхаузен]] - германски [[барон]] според кој е именуван овој [[синдром]], за кој се мисли дека бил најголемиот лажго во историјата на човештвото ]]
Синдромот на Минхаузен претставува сериозно ментално пореметување кое што кај [[Личност|личноста]] што има многу голема и длабока потреба за внимание се преправа дека е болна или намерно се разболува или повредува. Луѓето кои што патат од синдромот на Минхаузен можат да измислат симптоми, да иницираат ризични активности или да пробаат да ги фалсификуваат лабораториските тестови со цел да добијат симпатија и загриженост кон себе.<ref>{{Cite journal|author=Krahn LE, Bostwick JM, Stonnington CM |title=Looking toward DSM-V: should factitious disorder become a subtype of somatoform disorder? |journal=Psychosomatics |volume=49 |issue=4 |pages=277–82 |year=2008 |pmid=18621932 |doi=10.1176/appi.psy.49.4.277 |url=}}</ref>
 
Синдромот на Минхаузен се наоѓа во групата на состојби, наречени фикциони пореметувања (измислени пореметувања). Фикционите пореметувања можат да бидат од [[Психологија|психолошки]] или физички карактер. Синдромот на Минхаузен се наоѓа во групата на најтешки и хронични физички форми на фикционите пореметувања. Синдромот е многу мистериозен и многу тешко се лекува.<ref>{{cite book | title=Essentials of psychiatry | publisher=John Wiley & Sons, Ltd. | author=Jerald Kay and Allan Tasman | year=2006 | pages=680 | isbn=0-470-01854-2}}</ref> Сепак, [[Медицинска нега|медицинската помош]] е критична во превенцијата на сериозни повреди, па дури и смртни последици настанати како причина на самоповредување, што е карактеристика типична за синдромот на Минхаузен.
==Симптоми==
Симптомите на синдромот цело време се фокусираат на измислување или продукција на [[болест]] или повреда со цел да се задоволат длабоките [[Емоција|емоционални]] потреби. Луѓето кои што страдаат од овој синдром во голема мера се обидуваат да ја сокријат својата лажна состојба, па така понекогаш е многу тешко да се открие дека нивните симптоми се всушност дел од сериозното ментално пореметување.
 
Синдромот на Минхаузен не се поклопува со измислувањето на медицински проблеми со цел да се оствари некоја придобивка, како на пример земањето на слободен [[ден]] од [[работа]]. Исто така, не се поклопува ниту со хипохондријата, бидејќи луѓето кои што страдаат од [[хипохондрија]] навистина веруваат дека се болни, додека луѓето кои што го имаат синдромот на Минхаузен не се болни, но сакаат да бидат болни.<ref>{{cite book | title=Kaplan & Sadock's Comprehensive Textbook of Psychiatry (2 Volume Set) | publisher=Lippincott Williams & Wilkins Publishers | author=Benjamin J. Sadock (Editor), Virginia A. Sadock (Editor) | year=7th edition (January 15, 2000) | pages=3172 | isbn=0683301284}}</ref>
 
Симптомите на Минхаузеновиот синдром може да вклучат:
*Барање на третман од многу различни доктори и различни болници
*Малку посетители кога индивидуата ќе се хоспитализира
*Одбивање и недавање на согласнот [[Доктор по медицина|докторите]] да разговараат со [[фамилија|фамилијата]] или пријателите
*Расправање со персоналот во [[болница|болницата]]
*Чести барања за лекови против болка или други лекарства.
===Како луѓето со синдромот на Минхаузен ја глумат болеста===
 
Луѓето кои што го имаат овој синдром ги измислуваат симптомите или ја предизвикуваат болеста на неколку начини, вклучувајќи:
*'''Измислени медицински истории'''. Можат на своите блиски или на докторите да им презентираат лажна медицинска историја, како што е тврдењето дека имаат [[Рак (болест)|рак]] или [[ХИВ]].
*'''Глумење симптоми'''. Можат да ги глумат симптомите како што се стомачна болка, [[вртоглавица]], онесвестување или аритмија.<ref>Staff, Mayo Clinic. "Munchausen Syndrome." Mayo Clinic. Mayo Foundation for Medical Education and Research, 13 May 2011. Web. 11 Apr. 2013.</ref>
*'''Самоповредување'''. Можат да се повредат или намерно да предизвикаат болест како што е на пример, инјектирањето на [[бактерии]], [[млеко]], [[бензин]] или [[Измет|фецес]]. Можат намерно да се исечат или изгорат. Можат да земаат [[Лек|лекови]] кои што ги имитираат болестите, како што се лекови за намалување на [[коагулација|згрутчувањата во крвта]], [[Хемотерапија|хемотераписки лекарства]] и лекови за [[дијабетес]].
*'''Не го дозволуваат зараснувањето на раните'''. Повторно ја отвораат залечената рана.
*'''Манипулација'''. Можат да ги злоупотребат медицинските инструменти за да покажат други резултати, како што е на пример загревање на термометарот. Исто така, можат и да ги загадат своите примероци од урина наменети за лабораториско тестирање со крв или други субстанци.
===Ризик фактори===
Неколку фактори можат да ја стават индивидуата на повисок ризик за развивање на синдромот на Минхаузен. Тие вклучуваат:
*[[Траума]] од детството, како што се емоционални, физички или сексуални злоупотреби
*Сериозна болест за време на детството која што овозможила некој да се грижи за нив
*Роднина со сериозна [[болест]]
*Слабо чувство за [[идентитет]] и слаба самодоверба
*Загуба на сакана личност поради [[смрт]], [[болест]] или напуштање која што се случила во раните години од животот
*Неисполнета желба да се биде [[Доктор по медицина|доктор]] или друг вид на медицински персонал
*Работа во здравствена установа<ref>Staff, Mayo Clinic. "Munchausen Syndrome." Mayo Clinic. Mayo Foundation for Medical Education and Research, 13 May 2011. Web. 11 Apr. 2013.</ref>
*Нарушувања на [[личност|личноста]]
 
Синдромот на Минхаузен се смета дека е редок, но не се знае колку луѓе го имаат ова пореметување. Некои користат лажни имиња со цел да ги сокријат трагите, некои посетуваат многу различни [[болница|болници]] и доктори, додека некои воопшто не можат ни да се пронајдат. Поради сето тоа, многу е тешко да се постави некоја естимација. Повеќе мажи од жени се дијагностицирани со минхаузеновиот синдром и тој е најчест помеѓу младите и средовечните возрасни личности.
==Компликации==
Луѓето кои што страдаат од синдромот на Минхаузен имаат толку длабоки емоционални потреби што сакаат и да го ризикуваат својот [[живот]] само за да бидат видени во [[Очи|очите]] на другите дека се болни. Исто така, често имаат и други ментални пореметувања. Како резултат на сето ова, се соочуваат со многу компликации, вклучувајќи:
*Повреда или смрт од самопредизвикување на медицински состојби
*Чести здравствени проблеми како резултат на [[Хирургија|хируршки зафат]] или други медицински процедури
*Загуба на органи поради непотребни хируршки интервенции
*Злоупотреба на [[алкохол]] и субстанци
*Финансиски проблеми
*Големи проблеми во секојдневниот живот, врските и работата
Директните обвинувања дека личноста страда од синдромот на Минхаузен, може да предизвика бес и одбрана, што како резултат ќе предизвика ненадејно прекинување на соработката со докторот или болницата и барање на третман на друго место. Поради тоа, докторот ќе се обиде да креира решение кое што би ја поштедило личноста од признавањето дека ги глуми симптомите.
 
На пример, докторот може да ја убеди личноста дека немањето на објаснување за медицинските симптоми е стресна работа и да предложи дека [[стрес|стресот]] е одговорен за некои од поплаките. Или пак, докторот може да побара согласнот од личноста дека ако следните два-три медицински третмани не дадат резултат, заеднички би ја разработиле идејата дека е можно да постои психолошки проблем како причина за болеста. Како и да е, докторот ќе проба да ја насочи личноста кон барање на помош од психијатар.
 
Минхаузеновиот синдром се дијагностицира како тип на фикционо пореметување. Со цел да се одреди дали некој страда од овој синдром, психијатриските установи спроведуваат детално интервју и тестови за можни физички проблеми.
*Мотивацијата не е цел за да се оствари некоја финансиска или друг вид на добивка
==Третмани и лекарства==
Третманот на синдромот на Минхаузен е тежок и не постојат стандардни терапии за ова пореметување. Поради тоа што луѓето кои страдаат од овој синдром сакаат да бидат во улогата на болни, често пати не сакаат да побараат третман. Сепак, ако кон личноста правилно се пристапи, таа може да се сложи да биде третирана од страна на [[психијатар]].
 
Иако не постојат стандардни третмани за синдромот на Минхаузен, третманот често пати се фокусира на [[менаџмент|менаџирање]] на состојбата отколку на обидување за нејзино излекување. Третманите најчесто вклучуваат психотерапија и бихејвиорална терапија. Ако е можно, може да се вклучи и семејна терапија.
 
Лекарствата можат да се користат за лекување на другите ментални пореметувања кои што исто така се присутни како што се депресијата или [[анксиозност|анксиозноста]]. Во многу од случаите, може да биде неопходна привремена хоспитализација во психијатриска установа.<ref>Johnson BR, Harrison JA. Suspected Münchausen syndrome and civil commitment. J Am Acad Psychiatry Law. 2000; 28:74-76.</ref>
===Животен стил и домашни лекарства===
Пребродувањето на синдромот на Минхаузен е тешко. За оние кои што се способни да превземат чекори кон подобрувањето на состојбата, следните насоки можат да им бидат од помош:
*Држење кон планот за третман. Присутствувајте на закажаните психотерапии и земајте ги лекарствата кои што ви се препишани. Ако почувствувате потреба да се повредите или намерно да предизвикате појава на [[болест]], отворено разговарајте за своите намери со вашиот [[психијатар]], кој што ќе ви даде начини како подобро да се справите со тие емоции.
*Верувајте му само на еден доктор. Имајте само еден матичен доктор на кој што ќе му верувате и кој што ќе ја следи вашата здравствена состојба. Не посетувајте различни доктори, специјалисти и хирурзи.
*Запомнете ги ризиците. Потсетете се дека може да се здобиете со постојана повреда, дури и смрт секогаш кога намерно ќе се повредите или кога ќе прифатите ризични тестови или операции кои што не се поребни.
*Не трчајте по нови доктори. Спротивставете и се на потребата да најдете нов доктор или да се преселите во нов [[град]], каде што медицинските лица не ја знаат вашата [[историја]]. Психотерапевтот може да ви помогне да ги надминете тие моќни потреби.
*Поврзете се со некого. На многу луѓе кои што страдаат од синдромот на Минхаузен страдаат и од немањето на пријателства и други видови на врски. Пробајте да најдете некого со кого ќе можете да се дружите, да споделувате забавни нешта како и да му ја понудите вашата помош и поддршка.
==Превенција==
Поради тоа што причините за појава на Минхаузеновиот синдром се непознати, не постои начин за [[превенција]] на ова пореметување. Сепак, ако вашето дете е лекувано од некоја сериозна болест, внимавајте да не ја преувеличувате неговата улога како болно лице или пак вашата улога како пружател на нега.
 
Зборувајте со докторот на вашето дете по однос на тоа кои се реалните очекувања кои што детето може да ги постигне на ментален и физички план и поддржете го детето во самостојното изведување на очекувањата. Со овој пристап, можете да помогнете вашето дете да има долготрајно добро ментално здравје.
182

уредувања