Разлика помеѓу преработките на „Акутен панкреатит“

Додадени 176 бајти ,  пред 7 години
'''Акутниот панкреатит''' е акутно воспаление на панкреасот. Ова е сериозно заболување кое бара итно лекување и итна хоспитализација на болниот.
==Етиологија==
Главна улога во настанувањето на акутниот панкреатит кај нас во 80% од случаите имаат болестите на билијарниот систем (жолчните патишта и жолчната ќеса), додека [[Алкохолизам|алкохолизмот]] е главна причина за настанување на [[Хроничен панкреатит|хроничниот панкреатит]].
 
Во [[Соединети Американски Држави|Америка]] тоа е обратно, односно алкохолизмот доведува до појава на акутен панкреатит во најголем број од случаите. И многу други причински фактори можат да доведат до појава на панкреатит, но во помал процент.
 
Денес [[Човек|човекот]], како последица од штетното дејство на разни отрови што ги вдишува со загадениот [[воздух]], од пиење загадена [[вода]] и од консумирање хемиски третирана [[храна]], боледува од болести на органите за варење, воспаление на цревата, на желудникот, воспаленија и камен во жолчниот меур и жолчните канали. Често се консумираат алкохолни напитоци, неконтролирано се употребуваат лекови, а во стопанството и индустријата се користат пестициди, хербициди и сл.
 
Кај луѓето кои имаат камен во жолчката или воспаление на жолчните канали е зачестена појавата на болестите на панкреасот. Алкохолот како отров што најчесто го загрозува човековото здравје, освен [[Црн дроб|црниот дроб]] го загрозува и панкреасот. Прекумерната исхрана и исхраната која се состои од многу масна храна, освен крвните садови, го „погодува“ и панкреасот. Прекумерната и масната исхрана е штетна за панкреасот.
 
Разните инфекции, изложеноста на хроничен стрес, нарушениот метаболизам на мастите и некои други фактори се, исто така, причина за зголемениот број заболени. Дијагностицирањето на болестите на панкреасот исклучиво го вршат медицинските стручњаци во клиниките, со помош на дигитални инструментални методи и лабораториски наоди.
 
==Патогенеза==
Во однос на патогенезата, акутниот панкреатит означува '''[[авто-дигестија]]''' на панкреасот, односно оштетување на панреасот од сопствените ензими. '''Трипсиногенот''' го оштетува жлездениот паренхим, '''еластинот''' - крвните садови, додека '''липазата''' и '''фосфолипазата''' - масното ткиво. Се смета дека клучен момент во настанувањето на панкреатитот има дигестијата на ацинусните жлезди и малите изводни канали, па како резултат на тоа липазата излегува во интерстициумот и врши разградба на масното ткиво. Ослободените масни киселини ги активираат и другите ензими со што се доведува до оштетување и на паренхимот и на крвните садови. Во однос на морфологијата има присуство на [[едем]], [[некроза]], [[крварење]], [[тромбоза]] - [[хеморагичен панкреатит]]. Микроскопски покрај некротичните огништа има инфламаторен инфилтрат и тоа претежно неутрофили, а на местото на создавањето на гранулационото ткиво потоцна се доселуваат [[макрофаги]]. Некротичните огништа, доколку се помали, се ресорбираат, додека поголемите се инкапсулираат и преминуваат во псевдоцисти. Секундарна [[инфекција]] доведува до [[транформација]] на овие псевдоцисти во апцеси. Апцесите содржат [[хеморагична течност]] која ги содржи активираните ензими. Процесот може да се прошири да ги зафати и другите органи преку расејување на активираните ензими преку крвта па да настанат некрози и на другите [[органи]], како мозокот, срцето и црниот дроб. Како најтешка компликација која може да настане е циркулаторниот шок.
182

уредувања