Фредерик Шопен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tegel (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.29.204.184 (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Ред 26:
Сите Шопенови дела се за пијано (главно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои [[музичка форма|музички форми]] како [[балада (музичка форма)|баладата]],<ref name=scholesballade> Scholes, Percy (1938), The Oxford Companion to Music. Article ''Ballade''.</ref> но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како [[пијано соната]]та, [[валцер]]от, [[ноктурно]]то, [[етида]]та, [[импромпту]]то и [[прелудиум]]от. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено [[Балканска музика|словенскиот фолклор]] во своите композиции; така и до денес неговите [[мазурка|мазурки]] и [[полонеза|полонези]] се камен темелник на полската [[националност|национална]] класична музика.
 
== Живот ==
=ajajajaja=
Шопен се родил во [[Желазова Вола]] близу [[Сохачев]] во регионот [[Мазовија]], дел од [[Варшавско војводство|Варшавското војводство]]. Татко му бил Миколај (Никола) Шопен, французин со далечно [[полска|полско]] потекло од [[Војводство Лотарингија|Лотарингија]] кој се преселил во Полска во 1787. Миколај се оженил за жена од висока класа, но осиромашено семејство, по име Текла Јустина Крзижановска.
 
Според неговото семејство, Шопен е роден на [[1 март]], [[1810]]. Нема пронајдено [[извод од матична книга на родените]]. На неговата [[крштевање|крстеница]] пак, стои дека е роден на [[22 февруари]], [[1810]], но ова најверојатно е грешка на свештеникот.
 
=== Детство и младост ===
[[Податотека:Poland Zelazowa Wola.jpg|thumb|left|200px|Родната куќа на Шопен во [[Желазова Вола]]]]
 
Во октомври 1810, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во [[Варшава]], каде татко му станал учител по [[француски јазик]] во [[училиште]] во [[Саксонски дворец|Саксонцскиот дворец]]. Живееле понстрана во рамките на дворецот.
 
Малиот Шопен за прв пат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцарт]]“. На седум годишна ворзаст искомпонирал [[полонеза|полонези]] ([[Г-мол]] и [[Х-дур]]), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за органисти и еден од малкуте музички издавачи во Полска.
[[Податотека:Józef Elsner.PNG|thumb|180px|[[Јозеф Елснер]]]]
Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на примемите по аристократските [[салон (собирање)|салони]]. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката највеќе ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За прв пат јавно излегол како пијанист на 8 годишна ворзаст.
 
Првите професионални часови по пијано ги добил во периодот 1816–22 од [[Војтжех Адалберт Живни|Војтжех Живни]]. Подоцна Шопен за Живни зборувал со почит и високо мислење, иако самиот тој како дете набргу го надминал учителот. Подоцнежниот развој на Шопеновиот талент бил под надзор на [[Вилхелм Вирфел]]. Часовите кај овој прочуен пијанист и професор на Варшавскиот конзерваториум биле непостојани, но од големо значење за Шопеновите спобности на [[органа]], а можеби и пијано. Од 1823 до 1826 Шопен учел во Варшавскиот Ликеј, [[училиште]]то каде предавал тако му.
 
Есента 1826 Шопен почнал да студира [[теорија на музиката]], [[генералбас]] и [[музичка композиција|компонирање]] во класата на композиторот [[Јозеф Елснер]] во Варшавскиот конзерваториум. Контактот со него може да датира уште од 1822, и сигурно е дека од 1823 Шопен почнал да добива формални часови од него. Го завршил тригодишното образование на конзерваториумот во 1829.
 
Истата година во Варшава, Шопен присуствувал на изведба на [[Николо Паганини]], а го запознал и германскиот композитор [[Јохан Непомук Хумел]]. Исто така во 1829 Шопен ја запознал својата прва љубов, студентката по солфеж Констанција Гладковска. Ова го инспирирало композиторот да стави пеење во своите дела.
 
Во август 1829, три недели по занимувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во [[Виена]]. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон сокој свирел на пијаното.
 
Во декември 1829 во Варшава премиерно го извел неговиот [[Пијано концерт бр. 2 (Шопен)|Пијано концерт во Ф-мол]] во Трговскиот клуб. На [[17 март]], [[1830]] го извел и вториот [[Piano Пијано концерт бр. 1 (Шопен)|пијано концерт во Е-мол]] во Националниот театар.
 
На [[2 ноември]], [[1830]], Шопен ја напуштил варшава за да дава концерти во странство, по што никогап не се вратил во Полска. На крајот на месецот избило [[Ноемвриско востание|Ноемвриското востание]], па неговиот сопатник Титус Војчеховски се вратил во тактковината за да учествува. Шопен останал во Виена, измачуван од грижи за неговите љубени, па потоа ги посетил [[Минхен]] и [[Штутгарт]] (каде дознал дека Полска е окупирана од [[Царска Русија|руската]] војска, и дошол во Париз во септември 1831. Тој веќе имал искомпонирано повеќе важни дела, меѓу кои двата концерта за пијано и извесни [[Етиди (Шопен)|Етиди]] Оп. 10.
 
=== Париз ===
[[Податотека:Chopin zelazowa wola.JPG|мини|десно|270п|Споменикот на Шопен во [[Желазова Вола]], дело на вајарот [[Јозеф Гославски]]]]
Во Париз, Шопен бил топло пречекан од истакнатите полски азиланти како и од водечките уметници како [[Хајнрих Хајне]], [[Алфред де Вињи]] и [[Ежен Делакроа]]. Бил запознаен со некои од најважнјите пијанисти во тоа време како [[Фридрих Калкбренер]], [[Фердинанд Хилер]] и [[Франц Лист]], и станал близок пријател со композиторите [[Хектор Берлиоз]], [[Феликс Менделсон]], [[Шарл-Валантен Алкан]] и [[Винченцо Белини]] (крај кој е погребан на гробиштата [[Пер Лашез]]). Многу од Шошеновите современици веќе со висхит гледале на неговата музика. Меѓу овие бил и [[Роберт Шуман]] кој, во неговата критика на ''Варијации на „Ла чи дарем ла мано“'' (од Моцартовата опера ''[[Сон Џовани]]''), Оп. 2, се изјаснил: „Капи долу господа! Генијалец.“
 
За време на неговите години во Париз, Шопен учествувал во много концерти. Програмите нѝ дават извесна слика за богатството на парискиот уметнички живот во ова време. Ваков пример е концертот на [[23 март]], [[1833]], во кој Шопен, Лист и Хилер свиреле соло изведби на [[Бах]]овиот концертт за три [[чембало|чембала]], како и концертот на [[3 март]], [[1838]], каде Шопен, Алкан, Алкановиот учител Пјер Жозеф Цимерман иШопеновиот ученик Адолф Гутман го свиреле Алкановиот аранжман за осум раце на [[Бетовен]]овата [[Симфонија бр. 7 (Бетовен)|7<sup>ма</sup> симфонија]]. Зел учество и во компонирањето на [[Хексамерон (композиција)|Хексамерон]] (1837), бидејќи шестата (и последна) варијација на Белиниева тема е негова.
 
Еден истакнат англиски аматер го има опишано неговото среќавањ на Шопен во еден салон:
 
{{cquote|Замислете си нежен човек од огромна префинетост на израз и манир, како седи на пијано и свири без нишање на телото и скоро без движење на рацете, зависејќи сосема од неговата тесна женствена рака и витки прсти. Широките [[арпеџо|арпеџи]] во левата рака, одржувани во постојан тонски тек од строгото [[легато]] и префинетата и постојана употреба на [[гласен педал|гласниот педал]], обликуваа хармонична потструктура за извонредно поетичното [[кантабиле]]. Неговото деликатно [[динамика (музика)|пијанисимо]], сепроменливите модификации на тонот и темпото (''[[темпо рубато]]'') имаа неопислив ефект. Дури и во енергичните делови тој навистина ретко преминуваше [[динамика (музика)|мецофорте]].}}
 
Од Париз Шопен извршил разни посети и турнеи. Во 1834, со Хилер го посетил Рајнскиот музички фестивал во [[Ахен]] организиран од [[Фердинанд Рис]]. Тука Шопен и Хилер се сретнале со Менделсон, и тројцата продолжиле во посета на [[Дизелдорф]], [[Кобленц]] и [[Келн]], уживајќи во дружбата, учејќи и свирејќи заедно.
 
Во 1835 Шопен се договорил да се сретне со семејството во [[Карлсбад]]. Додека бил таму се запознал со грофот Франц фон Тун-Хохенштајн, чии ќерќи тој ги подучувал во Париз. Грофот ги поканил Шопен и неговите родители во неговиот семеен замок на [[Елба]] во [[Дечин]]. Потоа Шопен ги испратил родителите во Варшава; потоа никогаш повеќе не ги видел. Се вратил во Париз преку [[Дрезден]], каде престојувал неколку недели, а потоа отишол во [[Лајпциг]] каде се сретнал со Менделсон, Шуман и [[Клара Вик]]. Меѓутоа по патот за назад имал тежок бронхитичен напад, толку сериозен, што некои полски весници пишувале дека умрел.
 
Во [[1836]] Шопен се верил за седумнаесет годиншната полка Марија Воѕињска, чија мајка инсистирала на тоа ова да остане во тајност. Следанта година веридбата била отповикана од нејзиното семејство.
 
=== Жорж Санд ===
[[Податотека:Eugène Ferdinand Victor Delacroix 043.jpg|thumb|150px|left|Шопен од [[Ежен Делакроа]] (1838 г.)]]
[[Податотека:Die junge George Sand.jpg|thumb|180px|[[Жорж Санд|Санд]] во 1838 г.]]
Во 1836, на забавата кај грофицата [[Марија д'Аго]], љубовницата на [[Франц Лист]], Шопен се запознал со Амандина-Аурора-Лусил Дупен, Баронесата Дудеван, подобро позната под нејзиниот [[псевдоним]], [[Жорж Санд]]. Таа била француска романтистичка писателка позната по своите бројни љубовни врски со [[Проспер Мериме]], [[Алфред Де Мусе]] (1833–34), нејзиниот секретар Аленсандар Мансо (1849–65) и други, меѓу нив можеби и актерката [[Марија Дорвал]].
 
Отпрвин Шопен ја сметал за неатрактивна, па напишал во писмо до семејството: „Нешто кај неа ми е одвратно“. Меѓутоа [[Жорж Санд|Санд]], во 1837, во инзвонредно писмо до до нејзиниот пријател грофот Војчех Грзимала, расправала дали да му дозволи на Шопен да си продолжи со вереницата или самата да ја напушти моменталната љубовна врска и да продолжи со него. Санд имала силни чувства за Шопен и била упорна сѐ додека врската на успеала.
 
Забележителен дел од нивното заедничко време била мизерната зима во [[Мајорка]] (1838–1839), каде имале проблеми со наоѓање на пристојно сместување и завршиле во живописниот, но студен манастир [[Валдемоса]]. Шопен имал проблеми и со донесување на неговото пијано „[[Игнац Плејел#Пијана „Плејел“|Плејел]]“. Пристигнало од Париз по долго чекање, па заглавило на шпанската граница каде барале да се плати голема [[царина]]. Шопен го користел малку повеќе од три недели; остатокот од времето морал да компонира на расклатено најмено пијано за да ги заврши неговите [[Прелудиуми (Шопен)|''Прелудиуми'']] (Оп. 28).
 
Таа зима лошото време имала така катастрофални последици по Шопеновото здравје и неговата хронична дробна состојба, што морал да пребега прво во [[Барселона]], па во [[Марсеј]]. иако здравјето му се подобрило, тој никогаш сосема не оздравел од ова. Тој се жалел од докторите во Мајорка со неговата постојана луцидност: „Првиот ми рече дека ќе умрам; вториот рече дека веќе сум ги издишал последните здивови, а пак третиот ми рече дека веќе сум мртов“.
 
Ги провел летата од 1839 до 1843 на [[Жорж Санд|Сандовиот]] имот во [[Ноант-Вик|Ноант]]. Во овие мирни, но продуктивни денови Шопен искомпонирал многу дела. Во овој период спаѓа и неговата вличенствена [[Полонеза во Ас-дур]], Оп.53, поднасловена како „''Херојска''“, која сѐ уште е едно од најславните негови дела. Кога се вратил во Париз во 1839 се запознал со пијанистот и композитор [[Игнац Мошелес]].
 
Во 1845, здравјето уште повеќе му се нарушило, и со тоа настанал и сериозен проблем во односот со [[Жорж Санд]]. Ова се влошило уште повеќе во 1846 со проблемите со ќерката на Санд, Соланж и младиот вајар Жан Батист Огист Клезинже. Таа година Санд го издала своето дело ''Лукреција Флоријани'', чии главни ликови — богата актерка и принц со лошо здравје — може да се протолкуваат како Санд и Шопен; расказот бил неповолен за Шопен. Во 1847 семејните проблеми ѝ ставиле крај на десетгодишната врска помеѓу Санд и Шопен.
 
=== Смрт ===
[[Податотека:Chopin1849opt02.jpg|thumb|125px|Шопен во 1849 г.]]
Во 1848 Шопен го одржал својот последен концерт во Париз, и ги посетил [[Англија]] и [[Шкотска]] со неговата ученичка и обожавателка Џејн Стирлинг. Дошле до [[Лондон]] во ноември, и иако успеал да приреди концерти и салонски изведби, Шопен бил многу болен. Се вратил во Париз, каде во 1849 бил оневозможен да предава и изведува.
 
Сестра му, која го подучувала на пијано, го негувала во станот на ''[[Плас Вендом]] 12''. Во ситните часови на 17 октомври Шопен починал. Изутрина Клесинџер ја направил неговата [[посмртна маска]] и калапи од рацете.
 
Пред погребот му била исполнета смртната желба да му го извадат срцето пред закоп (се плашел да не биде погребан жив) и да го испратат во урна на сестра му во [[Варшава]]. Таму и денес е вѕидано во [[Црква на св. Крст, Варшава|Црквата на св. Крст]] во реонот ''[[Краковско Предместие]]'', под натпис од ''[[Евангелије според Матеј|Матеј]] VI:21'': "зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце".
 
Шопен побарал на погребот да му се пее [[Реквием (Моцарт)|Моцартовиот ''Реквием'']]. ''Реквием'' има големи делови за женски гласови [[Црква на Магдалена|Црквата на Магдалена]] никогаш не дозволувала женски хористи. Погребот се одложил за речиси две недели, кога црквата облагнала, па дозволила женски хористи да пејат позади црна [[кулиса]].
 
Погребот се одржал на [[30 октомври]], [[1849]], на кој присуствувале речиси илјада луѓе. На него биле исвирени и Шопеновите прелудиуми бр. 4 во Е-мол и бр. 6 во Х-мол.
 
По негова желба бил погребан на гробиштата [[Пер Лашез]]. Крај гробот бил отсвирен неговиот ''Погребен марш'' од сонатата Оп. 35 во, во инструментација на [[Наполеон Анри Ребер]].<ref>[http://www.dobrowolski.com/joeandpam/famouspols/chopin-bio.html]</ref>
 
Подоцна некои од неговите пријатели од Полска дошле во Париз со ќуп од нивната земја, за композиторот да лежи под полска почва.
 
Шопеновиот гроб привлекува бројни посетители кои секогаш оставаат многу цвеќиња дури и среде зима.
 
gomna sareni :D:D:D
== Музика ==
[[Податотека:Pillar containing Chopin's heart.JPG|thumb|160px|left|Столб во кој е вѕидано Шопеновото срце, во [[варшава|варшавската]] [[Црква на св. Крст, Варшава|Црква на св. Крст]]]]