Црква Света Софија (Софија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
 
Најстарата поголема црква на истото место, чиј под со римски мозаици е зачуван до денес претставува базилика од средината на 4 век. Во 343 година таа станала седиште на познатиот [[Црковен собор во Сердика]]. До [[6 век]] биле направени неколку реновирања на објектот. Во средината на векот црквата била погодена од инвазијата на Хуните и Готите. Јустинијан I наредил таа да се изгради повторно како голема базилика посветена исто на ''Пресветата Мудрост''. Се смета дека од тоа време оваа црква го носи до денес денешното име. Се претпоставува дека нејзината архитектура исто така е резултат на грузиското влијание во градот. По [[809]] година кога хан Крум го вклучил Средец во државната територија на Бугарија и особено по покрстувањето храмот продолжил активно да се користи како градска соборна црква и вообичаено место за погреби, поради близината на градската некропола. Во времето на [[Второто бугарско царство]] таа се стекнала со статус на митрополитска црква.
 
По османлиската инвазија базиликата била претворена во [[џамија]] и биле изградени минариња а голем дел од уникатните фрески биле уништени. Најверојатно зградата за првпат била разрушена за време на земјотресот од средината на [[15 век]]. На крајот на [[16 век]] таа била повторно обновена како [[џамија]] од отоманскиот големиот везир од хрватско потекло Сијавуш Паша паша. Повторно во [[1818]] година и [[1858]] година зградата пострадала од силни земјотреси. Од земјотресот паднало едно минаре. Во овој период џамијата била напуштена.
 
 
[[Категорија:Цркви во Софија]]