Разлика помеѓу преработките на „Хепатит А“

Додадени 2 бајти ,  пред 7 години
}}
'''Хепатитите''' се група [[инфективни]] и [[контагинозни заболувања]] кои се предизвикани од најмалку пет врсти на вируси. Болеста ја предизвикуваат вирусите на '''Hepatitis virosa acuta''' тип A, B, C (non A non B), D (делта) и Е, но поретко причина можат да бидат други вируси како што се: '''Epstein-Barr virus''','''Citomegalovirus''' и друго. Бактериските белодробни инфекции и апцеси, [[туберкулозата]] и други грануломатозни инфилтрати понекогаш се нарекуваат хепатит (грануломатозен хепатит), но клиничките, биохемиските и хистолошките белези се различни од дифузните промени при [[хепатитите]]. Над 400 милиони луѓе во светот се носители на овој [[вирус]]. Секоја година се откриваат 3-4 милиони нови случаи. Над 50% хепатоцелуларен карцином се должи на HB вирусот. Како резултат на компликациите на хепатитис Б инфекцијата (цироза и хепатоцелуларен карцином) има околу два милиони смртни случаи годишно. Хепатитис Б е меѓу десетте водечки причини за смрт (шесто место). Во некои делови на светот хепатитис Б инфекцијата e позната како серумска жолтица „serum hepatitis“ и е постојано присутна (ендемична) кај населението во Југоисточна Азија и Субсахарска Африка, 15-20% возрасни се хронично инфицирани со хепатитис Б вирусот. Во [[САД]] и [[Западна Европа]] помалку од 2% од населението се хронично инфицирани. Пат на пренос се интравенското земање дроги и незаштитен сексуален однос. Во [[Источна Европа]], [[Русија]] и [[Јапонија]], 2 до 7% од населението се хронично инфицирани. И покрај фактот дека постои вакцина, од ХБВ инфекцијата умира едно лице на секои 35-40 секунди. Американскиот [[Црвен крст]] не дозволува дарување на крв доколку не е помината една година од тетовирање или пирсинг, при што задолжителна е пријава од студиото. Со ова се овозможува избегнување на ризиците за појава на пренесување на болести како што е вирусот хепатит Б.
==Што претставува Хепатит А (Жолтица) ?==
'''Хепатитис А''' е воспаление или отекување на црниот дроб.
[[Податотека:Kupffer-Cells-Hasten-Resolution-of-Liver-Immunopathology-in-Mouse-Models-of-Viral-Hepatitis-ppat.1002061.s011.ogv|мини|лево|Настанување на хепатит А]]
 
==Етиологија==
Акутните вирусни хепатити се акутни вирусни заболувања предизвикани од акутни [[инфекции]], предизвикани од специфични хепатотропни вируси, кои што предизвикуваат дифузно воспаление на црниот дроб.Тоа се група на заболувања кои се распространети низ целиот свет и имаат слични клинички, биолошки и морфолошки карактеристики. Најмалку пет од хепатотропните вируси причинуваат акутен вирусен хепатитис кај луѓето: А, B, C, D и Е. Тие се добро карактеризирани и предизвикуваат околу 90% од акутните и 95% од хроничните вирусни хепатитиси (табела1). Други хепатитиси како што се F и G можат да бидат причинители на хепатит. При инфективна мононуклеоза, CMV, жолта треска и др. воспалениоето на црниот дроб не е единствена или основна појава на заболувањето. Вирусот на '''Hepatitis virosa acuta''' тип B припаѓа во '''Hepadnaviridae'''. Потполниот вирус е познат како '''Данеова партикула''' и има сферичен облик со големина од 42nm. Геномот на вирусот претставува нуклеокапсид со шестоаголен облик во кој е содржана [[DNK]], а на нека ковалентно се врзани DNK полимераза и протеин киназа. Поседува обвивка со дебелина од 7nm, која е составена од липиди, протеини и јагленохидрати. На 60°C останува жив над четири часа. Данеовата партикула претставува комплетен вирус и е инфективна. Некомплетните партикули можат да се појават во крвта во облик на HbsAg во тубуларен или сферен облик и имаат големина од 16-25nm. Врз основа на различните аминокиселини кои можат да бидат содржани во обвивката, идентификувани се неколку подтипови на овој антиген и тоа: adw, ayw, adr, ayr. Во јадрото на вирусот се наоѓаат два антигени а тие се: HbcAg и HbeAg. На овие антигени организмот создава соодветни антитела.
182

уредувања