Транспирација: Разлика помеѓу преработките

Додадени 5.834 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q167980 (translate me))
Нема опис на уредувањето
 
[[Категорија:Физиологија на растенијата]]
 
==Објаснување==
Процесот на транспирација се одвива на тој начин што молекулите на водата што се присутни во набабрените клеточни ѕидови од епидермалните клетки, ги напуштаат интермицеларните простори на клеточниот ѕид и излегуваат во воздушната средина.
Испуштањето на водата трае се додека не се изедначи притисокот на водената пара во воздухот и во клеточниот ѕид. Меѓутоа, тоа се случува ретко, бидејќи дехидрираниот клеточен ѕид, прима вода од протоплазмата, а дехидрираната протоплазма од вакуолата. На тој начин се создава разлика во силата на цицањето на водата, што е последица на разликата во дехидратацијата во одделни клеточни структури, што се одвива на ист начин како во примарниот коренов систем само во обратна насока.
Со силата на цицањето епидермалните клетки ја одземаат водата од клетките на мезофилот на листот каде концентрацијата на материите е пониска. По одземањето на водата од нив и тие стануваат поконцентрирани и способни за одземање вода од повнатрешните клетки. Процесот се одвива непрекинато од една до друга клетка се до спроводните елементи за водата – трахеите и трахеидите, во снопчето на листот, од кои се одзема водата. Одземената вода спроводните елементи ја надополнуваат од клетките на кората на коренот, кои ја примаат водата од почвата преку кореновите влакненца.
Нормален процес имаме кога растението прима повеќе вода одколку што ја испушта со транспирацијата. Во спротивен случај се јавува привремен недостиг на вода во растението што се одразува со свенување на листовите.
Транспирацијата може да биде: стоматална, лентицеларна и кутикуларна.
Во најголема мера транспирацијата се одвива преку стомите – стоматална. Испуштањето на водената пара преку стомите се одвива кога тие се отворени. Стомите се отворени додека се тургоресцентни. Тургоресцентноста на стомнините клетки се одржува со приливот на осмотски активните материи (добиени со ензимско разградување на скробот на растворливи шеќери) со чие присуство се покачува концентрацијата на вакуоларниот сок. Со тоа тој станува хипертоничен, а самата клетка способна да ја цица водата од околните клетки. Со прилив на водата, стомнините клетки стануваат тургоресцелатни со што се овозможува отворање на стомниниот отвор.
Стоматалната транспирација е процес во кој водената пара пред да излезе од листот преку стомниниот отвор, се наоѓа бо интерцелуларните (меѓуклеточните простори) на мезофилот и оттаму дифундира кон отворот (остиолумот) на стомата и преку него во надворешната средина.
За разлика од стоматалната, која се регулира со механизмот на отворање и затворање на отворот на стомата, кутикуларната транспирација претставува процес што не го регулира растението. Таа се одвива кога стомите се затворени, односно во отсуство на стоматалната транспиација. Растенијата од зголемување на кутикуларната транспирација, освен со задебелување на кутикулата, се заштитуваат со образување восочни превлаки и со образување разновидни влакна што го штитат растението од прекумерно загревање.
Лентицеларна транспирација е испуштање на водата преку лентицелите, а се врши кај старите изданоци на дрвенестите растенија. Во однос на другите видови таа транспирација е најслаба..
172

уредувања