Википедија:ППМА: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 73:
 
Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.
 
== Избор на најдобра статија ==
 
Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
 
: (а) да е '''одлично напишана''': нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
: (б) да е '''детална''': ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
: (в) да е '''веродостојна и прецизна''': тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
: (г) да е '''неутрална''': презентира објективност и неполаризираност;
: (д) да е '''стабилна''': не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
: (ѓ) да има '''вовед''': концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
: (е) да има соодветна '''структура''': систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
: (ж) да има постојани '''цитати''': онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
: (з) да има '''слики''' и други '''мултимедијални содржини''' таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
: (ѕ) да има '''соодветна должина''', при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.