Еволуција: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 4:
Во [[Биологија|биологијата]], '''еволуцијата''' е промена на карактеристиките на живите [[Организам|организми]] преку генерациите. Вообичаената дефиниција на зборот во популарната наука ја опфаќа и појавата на нови [[Вид|видови]], исто така како производ на еволуцијата. Од развојот на современата [[генетика]] во [[1940-ти]]те, еволуцијата е дефинирана поспецифично како промена на фреквенцијата на [[алела|алелите]] (алтернативни форми на истиот [[ген]]) во една популација од една генерација до следната. Во другите полиња терминот '''еволуција''' се користи во поширока смисла, за да означи било каков [[процес]] на промена во текот на времето.
Една од првите кохерентни теории за биолошка еволуција се предложени во раниот [[19 век]] од [[Жан Батист Ламарк]], но неговата теорија не била пошироко прифатена. Со објавувањето на заедничкиот труд на [[Чарлс Дарвин]] и [[Алфред Расел Волис]] во [[1858]], следена од Дарвиновата книга
Во обичниот говор, зборот „еволуција“ често се користи означување на современата синтеза на еволуцијата, вклучувајќи ја и [[Теорија|теоријата]] дека сите различни видови имаат еден заеднички предок. Исто така, зборот се користи за да се опишат механизмите што дејстуваат при промената на населението.
|