Еволуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:Charles Darwin.jpg|right|frame|[[Чарлс Дарвин]], татко на теоријата на еволуцијата преку [[природна селекција]].]]
{{генетика-странично}}
Во [[Биологија|биологијата]], '''еволуцијата''' е промена на карактеристиките на живите [[Организам|организми]] преку генерациите. Вообичаената дефиниција на зборот во популарната наука ја опфаќа и појавата на нови [[Вид|видови]], исто така како производ на еволуцијата. Од развојот на современата [[генетика]] во [[40ти1940-ти]]те, еволуцијата е дефинирана поспецифично како промена на фреквенцијата на [[алела|алелите]] (алтернативни форми на истиот [[ген]]) во една популација од една генерација до следната. Во другите полиња терминот '''еволуција''' се користи во поширока смисла, за да означи било каков [[процес]] на промена во текот на времето.
 
Една од првите кохерентни теории за биолошка еволуција се предложени во раниот [[19 век]] од [[Жан Батист Ламарк]], но неговата теорија не била пошироко прифатена. Со објавувањето на заедничкиот труд на [[Чарлс Дарвин]] и [[Алфред Расел Волис]] во [[1858]], следена од Дарвиновата книга ''[[Потеклото на видовите]]'' во [[1859]], теоријата на еволуцијата преку природна селекција станала цврсто етаблирана во рамките на научната заедница и набрзо за неа се пројавил интерес и во пошироката јавност. Во [[1930-ти]]те, поголем број на научници ја комбинираат Дарвиновата теорија за природна селекција со повторно откриената теорија на [[наследност]] предложена од [[Грегор Мендел]], при што ја создаваат [[современа еволуциска синтеза|современата еволуциска синтеза]]. Во современата синтеза, „еволуцијата“ означува промена во фреквенцијата на [[алела|алелите]] во една популација од една генерација до следната. Оваа промена може да биде предизвикана од повеќе различни механизми: [[природна селекција]], [[генетски дрифт]] или промени во популациската структура преку [[генетски тек]].
 
Во обичниот говор, зборот "еволуција"„еволуција“ често се користи означување на современата синтеза на еволуцијата, вклучувајќи ја и [[Теорија|теоријата]] дека сите различни видови имаат еден заеднички предок. Исто така, зборот се користи за да се опишат механизмите што дејстуваат при промената на населението.
 
== Наследност ==