Распад на Римското Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
 
По краткото владеење на царот [[Јовијан]] офицерите собрани во [[Никеја]] го избрале царот [[Валентијан]]. Уште за време на церемонијата на крунисување војниците се заканиле со побуна, но [[Валентијан]] ги смирил така што им ветил дека ќе именува уште еден владетел покрај него за да избегнат граѓанска војна во случај на негова прерана смрт. Валентијан го исполнил своето ветување така што во [[Константинопол]] на [[28 март]] истата година го прогласил својот помлад брат [[Валенс]] за ковладетел. Нешто покасно браќата во близина на ''Наиса'' денешен [[Ниш]] го поделиле царството и административниот персонал на два дела а потоа во [[Сирмија]] и мобилните единици. Најзападните територии со кои владеел [[Валенс]] била [[Тракија]]. Валентијан водел долга и успешна битка на реката [[Рајна]] со [[Аламани|Аламаните]], но најпосле умрел во [[Бригециона]] во [[375]] година. Тој бил наследен од својот дезинтегриран наследник синот од првиот брак, [[Грацијан]], но бидејќи тој бил во [[Трор]] панонската војска решила да го изнесе неговиот четворомесечен син [[Валентијан II]] син на покојниот цар од вториот брак. Поделбата на војската е спречена и младиот Грацијан владеел во слога со намесниците на младиот Валентијан на кој му биле препуштени [[Италија]], [[Илирик]] и [[Африка]]. Меѓутоа голем удар за римскиот свет дошол од исток каде од средината на [[4 век]] [[Готи|готските племиња]] биле во постојано движење под притисок на номадските [[Хуни]] кои пристигнале во краевите северно од [[Црно Море|Црното Море]]. Хуните ги покориле разните готски групи како [[Сармети]], [[Алани]] и др. народи. Готските пратеници на [[Валенс]] кој бил трајно вмешан во војната со [[Персија]] побарале да ги прими во царството. Валенс во [[376]] година дозволил племето [[Тервинга]] да го пројде [[Дунав]] и да се насели во [[Тракија]]. За нив спротивно од договорот влегле и Грујтунзи во еден дел од [[Алана]]. Тие започнале да излегуваат од контрола особено кога Готите се побуниле во [[377]] година и почнале да го ограбуваат [[Балкан|Балканот]]. Валенс тргнал кон исток не чекајќи го Грацијан и на 9 август 378 година влегол во отворена [[битка кај Адријанапол]]. Исходот од битката бил катастрофален затоа што [[Готи|Готите]] ја уништиле целата римска војска и го убиле царот. После по овој пораз [[Грацијан]] за свој источен колега го именувал искусниот војсководец Теодосиј. За време на Готската војска Теодосиј ги смирил Готите со дипломатски а не воени средства. По спогодбата на [[3 октомври]] [[382]] година, [[Готи|Готите]] се населиле како римски сојузници во [[Тракија]] и за возврат морале да им праќаат на Римјаните воени одреди. Новина било тоа што овие сојузници биле населени на територијата на царството кои живееле по своите закони и кои војувале под команда на своите поглавари.
Михаела
 
== Слабеење на двете царства ==